25.8 C
Скопје
4 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ристоска го демантира Савески: „Знаеше дека ќе поднесам оставка ако ми ги одземе предметите“

Поранешната обвинителка Ленче Ристоска соопшти дека не се точни изјавите на државниот јавен обвинител Ненад Савески оти предметот „Талир 2“ би останал во нејзина надлежност доколку не поднела оставка.

Во објава на социјалните мрежи, Ристоска наведе дека како обвинител за врски можела да постапува по предмети надвор од Канцеларијата за врски само врз основа на посебно овластување од државниот јавен обвинител.

Според неа, предметот „Талир 2“ не бил во надлежност на Канцеларијата за врски, туку го водела врз основа на такво овластување, а со неговото повлекување престанал и правниот основ за нејзино понатамошно постапување.

Ристоска тврди дека пред да ја поднесе оставката лично го информирала Савески дека, доколку ѝ бидат повлечени овластувањата за предметите на кои работела, ќе поднесе оставка, како и дека му ги образложила причините за таквата одлука.

Претходно, Савески изјави дека „Талир 2“ бил во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје и дека, доколку Ристоска не поднела оставка, ќе продолжела да постапува по предметот. Тој додаде дека нејзината оставка била лична одлука и дека повлекувањето на овластувањата не било причина за одземање на предметот.

 

Related posts

Мицкоски: Стојам позади кажаното за Груевски и ја затворив темата

admin

Зошто големите корупциски случаи остануваат без судски епилог?

admin

Мојсоска со тешки обвинувања: Што се крие зад двегодишната предистрага за „Бехтел и Енка“?

admin

Пратеници само за лични, партиски и бизнис-интереси

admin

Албанија: Социјалистите освојуваат четврти мандат – опозицијата во слободен пад!

admin

Урсула фон дер Лајен за „ЕУ Инк.“: Целта е јасна – една Европа, еден пазар

admin