13.8 C
Скопје
10 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Драма на Ќафасан: Тројца функционери на ВЛЕН на „црната листа“ на Албанија

Тројца функционери од ВЛЕН тврдат дека биле задржани околу еден час на граничниот премин Ќафасан и дека не добиле официјално образложение зошто не им било дозволено да влезат во Албанија.

Станува збор за координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, кои патувале со дипломатски пасоши.

Од ВЛЕН побараа албанските власти јавно да објаснат дали постои мерка за забрана за влез, кој ја донел, врз која правна основа и кои се причините за таквата одлука.

Албанската полиција, според медиумски извештаи, негирала дека на тројцата функционери им бил забранет влез. Од граничните служби тврдат дека проблем имал четвртиот патник со кој патувале, поради пасошки неправилности, додека тројцата функционери можеле да продолжат, но самите одлучиле да се вратат.

Дел од албанските медиуми објавија, повикувајќи се на неофицијални информации, дека случајот можеби е поврзан со сомнежи за учество или организирање на протести во Тирана познати како „Револуција на фламингата“.

Аднан Азизи по настанот порача дека „ниеден режим или тиранин“ не го исплашил во политичкото дејствување и дека „Албанија не е ничија сопственост, туку им припаѓа на сите Албанци“.

Дополнително, порталот ТетоваСот, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека Албанија ставила повеќе од 60 лица на „црна листа“, главно функционери на ВЛЕН. Според истиот медиум, причината наводно е организирање млади лица од ВЛЕН за учество на протестот од 4 јули во Тирана, а меѓу имињата, според ТетоваСот, се споменуваат пратениците Аднан Азизи и Беким Ќоку, владиниот секретар Муртезани, полициски раководители именувани од ВЛЕН, општински советници и други лица.

ТетоваСот најави дека ќе ги објави имињата на лицата кои, според порталот, биле прогласени за непожелни во Албанија.

 

Related posts

Пит Хегсет вети промени во војската на САД

admin

Што содржи Предлогот за уставни измени (интегрален текст)

admin

Политико: Новата власт во Скопје ризикува да ги оживее тензиите

admin

ВЛЕН ќе го одржи првиот конгрес на 9 мај, најавен модел со двајца копретседатели

admin

Зошто инфлацијата во Западен Балкан е повисока отколку во ЕУ и САД?

ninja

Предметот што почна по смртта на 14 лица е затворен: Обвинителството не најде основа за гонење

admin