17.6 C
Скопје
24 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Зад затворени врати се крои решение со Бугарија? Муцунски потврди интензивни контакти

Северна Македонија продолжува да бара „праведливо и одржливо“ решение со Бугарија за деблокирање на евроинтегративниот процес, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, додавајќи дека разговорите со Софија, земјите членки и институциите на Европската Унија се одвиваат континуирано, но без јавно откривање на деталите.

„Доколку поединечните разговори ги водиме пред јавноста, тоа не би нѐ довело никаде. Ние немаме друга алтернатива освен да бараме решение“, рече Муцунски.

Тој нагласи дека Владата во изминатите две години не престанала да работи на изнаоѓање решение и дека секој можен договор ќе биде во рамките на принципите што јавно ги поставила.

„Не сме престанале да работиме на изнаоѓање праведливо и одржливо решение“, изјави министерот.

Муцунски оцени дека постои позитивен импулс во разговорите, но дека засега нема договор што може да биде презентиран пред јавноста.

Според него, деблокирањето на пристапниот процес останува стратешки интерес не само за Северна Македонија, туку и за регионот и Европската Унија.

Министерот ги поддржа и ставовите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која неодамна предупреди дека уставните измени сами по себе не се гаранција дека нема да се појават нови блокади, оценувајќи дека проблемот лежи и во Протоколот 2.

„Немало момент во последните две години кога за ова прашање не сме разговарале со земјите членки на ЕУ, европските институции и со Бугарија. Разговорите ќе продолжат, но немаме намера да правиме отстапки поврзани со националниот интерес, историјата и идентитетот“, рече Муцунски.

Тој додаде дека, според неговото правно толкување, протоколите не се составен дел од Преговарачката рамка.

Осврнувајќи се на дебатите во Брисел, Муцунски рече дека во последните месеци има „хиперпродукција“ на неформални документи за иднината на политиката на проширување на ЕУ, оценувајќи дека сегашниот модел, создаден пред 15 до 20 години, повеќе не одговара на новите геополитички околности по руската инвазија врз Украина.

Во делот на човековите права, министерот истакна дека Северна Македонија продолжува да ги отвора прашањата за положбата на Македонците во Бугарија во Советот на Европа и активно инсистира на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, вклучително и предметите поврзани со ОМО „Илинден-Пирин“.

Во однос на безбедносната состојба, по заканите што Иран ги упати кон Бугарија, Муцунски изјави дека според информациите од Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, нема конкретни сознанија за безбедносна закана кон Северна Македонија.

Related posts

Лекарски извештај: Трамп останува здрав и подготвен за претседателските должности

admin

АфД – нова неолиберална работничка партија?

admin

Бугарија ја заострува контролата врз „Лукоил“ по новите санкции на САД и ЕУ против Русија

admin

Центристичката партија D66 победува на изборите во Холандија, поразувајќи го крајнодесничарот Вилдерс

admin

Што предвидуваат новите планови на Трамп за Месечината и вселената

admin

Кој се плаши од предвремени парламентарни избори?

admin