19.8 C
Скопје
11 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Студенти, рокот почнува на 26 август: Еве кој може да добие 140 денари дневно за оброк

Министерството за образование и наука објави повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година, а пријавувањето за тековните и новозапишаните студенти ќе трае од 26 до 31 август.

Право на субвенцијата имаат државјани на Северна Македонија кои се редовни студенти на прв или втор циклус, како и на интегрирани студии на државни и приватни универзитети, под услов нивниот месечен приход по кој било основ да не ја надминува минималната нето-плата за тековната година.

Пријавувањето се врши електронски преку системот за е-услуги на Министерството. Кандидатите треба да пополнат пријава за стекнување право на субвенциониран студентски оброк и изјава за точност на внесените податоци, а потпишаните документи да ги прикачат кон електронската апликација.

Нови рокови и во текот на академската година

Студентите кои нема да го остварат правото во август ќе можат повторно да аплицираат од октомври, во периодот од 1 до 5 во секој месец.

Оваа можност важи и за оние на кои правото им престанало поради неисполнување на некој од критериумите, доколку подоцна повторно ги исполнат условите.

Средствата ќе почнат да се исплаќаат во месецот што следува по месецот во кој студентот го остварил правото.

140 денари за храна, од понеделник до сабота

Субвенционираниот студентски оброк изнесува 140 денари и е наменет за купување приготвена храна.

Студентите можат да го користат правото од понеделник до сабота. Доколку средствата не бидат искористени во одреден ден, тие остануваат достапни до крајот на тековната седмица, заклучно со сабота.

Правото не може да се користи во периодот од 1 јули до 1 октомври, како и за време на државни празници и други неработни денови.

Посебна сметка и картичка преку Шпаркасе банка

Министерството склучило договор со Шпаркасе банка АД Скопје за исплата на средствата.

Сите студенти кои ќе го добијат правото ќе треба да потпишат договор со банката за отворање посебна сметка поврзана со наменска платежна картичка, без оглед дали претходно биле клиенти на Шпаркасе.

Начинот и роковите за подигање на картичките ќе бидат дополнително објавени.

За дополнителни информации, Министерството обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард и преку електронската адреса [email protected].

Related posts

Е3 – нов воен сојуз за “независност” од САД

admin

Украина ја започна контраофанзивата, но има еден проблем

admin

Миле Цеков од ЗНАМ ќе делува како независен пратеник

admin

Извештај на ЕК: Поларизацијата ги парализира институциите

admin

Нови детали за драмата во авионот на „Рајанер“: Крварел и неколкупати ја губел свеста

admin

Словачка меѓу Русија и Западот

admin