20.8 C
Скопје
19 септември, 2026
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Двајца малолетници останаа без пасоши по бруталниот напад во Гостивар

Полицијата идентификувала тројца осомничени за физичкиот напад врз две лица во Гостивар, откако видеоснимка од инцидентот била објавена на социјалните мрежи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, 22-годишниот А.В. од Гостивар на 2 август во 22:20 часот пријавил дека истиот ден, околу 2:30 часот, тој и неговиот пријател Л.Е. биле нападнати на улицата „Борче Јованоски“.

Во пријавата било наведено дека тројца непознати мажи ги нападнале со тврди предмети и дрвени палки.

За случајот бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки полициски службеници од ОВР Гостивар презеле мерки и ги идентификувале тројцата учесници во нападот.

Двајца од осомничените се малолетници од Гостивар. Тие биле повикани на службен разговор во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител им биле одземени патните исправи.

Како трет осомничен е идентификуван 20-годишниот В.Д. од Скопје. До СВР Скопје била испратена телеграма за негово пронаоѓање и понатамошно постапување.

Од МВР најавија дека, по целосното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава и тие по брза постапка ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Related posts

Приведени тројца дилери на дрога во Тетово, пронајден кокаин и хероин

admin

Сведок со потресно сведочење за двојната трагедија

admin

Фатен криумчар од Виница како превезува мигранти

admin

Сајбер криминал во Тетово: над 500.000 долари преку нелегална платформа

admin

Тројца богати браќа осудени за сексуална експлоатација

admin

Рација во Седларце и Боговиње, приведени странски државјанки од Албанија, Белорусија и Русија

admin