37.8 C
Скопје
20 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ја прифаќаме понудата – да одиме на предвремени избори

Демократската унија за интеграција побара распуштање на Собранието и одржување предвремени парламентарни избори, откако премиерот Христијан Мицкоски изразил подготвеност за избори доколку тоа го побара опозицијата.

„Го бараме тоа“, соопшти ДУИ, оценувајќи дека земјата има потреба од нов политички мандат.

Од партијата тврдат дека Владата го загубила легитимитетот поради, како што наведуваат, „европската изолација, деградирањето на меѓуетничките односи, нарушувањето на Охридскиот договор и слабеењето на застапеноста на Албанците во институциите“.

ДУИ побара изјавата на премиерот веднаш да биде преточена во конкретна политичка постапка.

„Бараме во следните денови да се утврди најбрзиот уставен рок, да започнат изборните подготовки и на граѓаните да им се даде можност да одлучат за правецот во кој ќе се движи земјата“, се наведува во реакцијата.

Според ДУИ, доколку понудата на Мицкоски е сериозна, нема причина за одложување или дополнителни политички калкулации.

„Опозицијата го даде својот одговор. ДУИ е подготвена. Нека се распушти Собранието. Нека се одреди датумот. Да одиме на избори“, порача партијата.

Related posts

Од Европски фронт во ВМРО-ДПМНЕ: Последниот потег на Мицкоски ја смени политичката карта

admin

Кочани одбележува една година од трагедијата во „Пулс“, собир најавен во 02:15 часот

admin

Словенија распореди полиција на границите со Хрватска и Унгарија

admin

Вашингтон гради нов безбедносен сојуз за клучниот нафтен коридор

admin

Тепиќ тврди: Сопственикот на Алта банка се занимава со перење пари, капиталот стекнат на нелегален начин

admin

РСЕ: ЕУ бара Охридскиот договор да се вклучи во преговарачката рамка за Србија

admin