20.8 C
Скопје
19 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Македонија не смее да остане заробена во минатото“ – пораката на Филипче за Илинден

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, придружуван од пратениците Бисера Костадиновска-Стојчевска и Митко Трајчулески, по повод 2 Август – Денот на Републиката, положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев во „Македониумот“ на Гумење во Крушево.

Филипче изјави дека сеќавањето на Илинден има смисла само доколку придонесува за создавање подобра иднина и нагласи дека денешните генерации имаат обврска да го продолжат патот на илинденците.

„Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата. Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат“, рече Филипче.

Тој оцени дека Македонија не смее да остане „заробена во минатото“ и додаде дека државата не треба да биде место „во кое младите заминуваат, пензионерите едвај преживуваат, водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе“.

Лидерот на СДСМ порача дека идеалите на Илинден треба да се преточат во изградба на праведна, демократска и просперитетна држава.

„За многу години Илинден!“, порача Филипче.

Related posts

Водата е чиста, но каде е извештајот?

admin

Дуално стручното образование го зголемува вработувањето на младите

admin

Од Брисел ништо ново

admin

Нова криза во односите меѓу Македонија и Бугарија

admin

Капетановиќ се сретна со високи владинипретставници во Скопје

admin

Американски воен бил нападнат со беспилотни летала од Јемен

admin