11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Пораки за вера, мир и заедништво за Голема Богородица: државниот врв и партиите со честитки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки до православните верници по повод Успението на Пресвета Богородица – Голема Богородица, истакнувајќи ги верата, солидарноста, семејството и соживотот.

Сиљановска-Давкова упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод, свештенството, монаштвото и до православните верници.

Претседателката рече дека празникот потсетува на духовната сила, пожртвуваноста, истрајноста и мајчинската љубов на Пресвета Богородица.

„Во време обременето со искушенија и премрежија, верувам дека ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто, градењето на заедништвото, грижата и солидарноста во заедницата, чувајќи и негувајќи го мирот во неа“, порача Сиљановска-Давкова.

Таа посака храмовите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во земјата и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, исто така, им го честиташе празникот на православните верници и на граѓаните кои го одбележуваат.

Тој посака празничниот ден да биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина, повикувајќи во духот на соживотот да се гради заедничко општество.

ВМРО-ДПМНЕ во својата честитка порача дека Успението на Пресвета Богородица ги симболизира верата, надежта, љубовта и семејството, истакнувајќи ја Мајката Божја како симбол на мајчинството, пожртвуваноста и духовната сила.

Со празнична честитка се огласи и Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Успението на Пресвета Богородица, меѓу верниците познато како Голема Богородица, е еден од најзначајните празници посветени на Богородица и се одбележува на 28 август според календарот што го следи Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Related posts

Важна средба – на маса Планот за раст на Западен Балкан

admin

Незири открива каде ДУИ го бара наследникот на Ахмети: Не се Груби и Османи

admin

Фон дер Лајен не ја смени рамката, но му отвори на Мицкоски директен канал со Софија

admin

Има ли надеж за забрзана интеграција со новиот пристап за проширување на ЕУ?

admin

Германија со договор за воена соработка со Јапонија

admin

Над 10 милиони евра за превенција од болести, а се повеќе болни

admin