20.8 C
Скопје
26 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Пренџов: Новиот шеф на ОЈО ГОКК повторно да го отвори предметот за модуларната болница

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов побара идниот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) повторно да го преиспита предметот поврзан со набавката на модуларната болница во Тетово, откако обвинителството предводено од Ислам Абази ја запре постапката.

Пренџов, во гостување на телевизија Канал 5, рече дека за него е неприфатливо предметот да биде затворен без утврдување одговорност, посочувајќи дека објектот бил набавен и платен од државата во периодот кога министер за здравство беше сегашниот лидер на СДСМ, Венко Филипче.

„Ако во тој објект изгореле 14 наши сограѓани, јас никогаш нема да се помирам со фактот дека тој случај може да биде затворен“, рече Пренџов.

Неговата изјава доаѓа во услови на нова политичка конфронтација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу предметот за модуларните болници.

Филипче, по одлуката на обвинителството, рече дека таа потврдува оти немало злоупотреба на службената положба ниту штета за буџетот и побара ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите за, како што рече, петгодишната политичка злоупотреба на трагедијата.

Мицкоски, пак, одлуката на обвинителството ја нарече „скандалозна“ и рече дека предметот може повторно да биде отворен доколку се појават нови докази.

Пренџов го поврза запирањето на постапката и со претстојното завршување на мандатот на Абази и изрази надеж дека неговиот наследник ќе го разгледа предметот повторно.

„Се надевам дека следниот којшто ќе си го изберат меѓу себе обвинителите, главен обвинител за организиран криминал и корупција, ќе го отвори овој случај уште еднаш и ќе ни каже дали навистина е тоа така“, рече тој.

Во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица.

Related posts

Значењето на Коридорот 8 се зголемува во новите околности

admin

Ердоган и Киличдароглу одат во втор круг, кои се нивните стратегии?

admin

СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ОХРИД – УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ЗА ДОГОВОР ВУЧИЌ – КУРТИ

ninja

Ковачевски му нудел на Мицковски „пола-пола“: Тоа е најфер, братски

admin

Меџити ја повика ДУИ: Оставете ги инаетите и гласајте за албанските интереси

admin

ЕУ и Западен Балкан ја продлабочуваат соработката

admin