23.8 C
Скопје
27 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Трагедија во Исламабад: 14 новороденчиња загинаа во пожар во болница

Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар што избувна во одделението за мајки и деца во една од најголемите државни болници во пакистанскиот главен град Исламабад, соопштија болнички и владини претставници.

Пожарот избувнал во климатизер во одделението на Пакистанскиот институт за медицински науки – PIMS, по што огнот брзо се проширил поради присуството на кислородни инсталации, изјавил портпарол на болницата за BBC Urdu.

Во моментот на пожарот во одделението имало 15 новороденчиња. Четиринаесет починале, а едно било спасено, потврди портпаролката на болницата, д-р Аниза Џалил.

Дел од бебињата биле во инкубатори или приклучени на апарати со кислород, изјавил министерот за здравство Мустафа Камал. Кислородот сам по себе не е запалив, но може значително да го забрза горењето.

Спасувачките служби соопштија дека пожарот е ставен под контрола. Од болницата биле спасени најмалку 19 лица, меѓу кои десет жени, седум деца и двајца мажи.

Пред болницата се собраа семејства на жртвите. Еден татко изјавил за BBC дека во пожарот го загубил своето тридневно бебе.

Полицијата соопшти дека дел од телата се тешко изгорени и ќе мора да бидат идентификувани со ДНК-анализа пред да им бидат предадени на семејствата.

Премиерот Шехбаз Шариф изрази „длабока тага“ и нареди итна истрага. Формирана е комисија која треба во рок од 24 часа да утврди што го предизвикало пожарот, дали во болницата имало исправни противпожарни системи и колку била ефикасна реакцијата на спасувачките служби.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари побара да бидат идентификувани одговорните и против нив да биде поведена правна постапка.

Двајца поранешни федерални министри веќе побараа оставка од министерот за здравство, обвинувајќи ги институциите за долгогодишна негрижа, лошо управување и недоволна противпожарна заштита.

PIMS е една од најголемите јавни болници во Пакистан, со околу 1.200 кревети и илјадници пациенти дневно.

Пожарот повторно го отвори прашањето за безбедноста во јавните објекти во Пакистан, каде во изминатите години во повеќе големи пожари загинаа десетици, а во некои случаи и стотици луѓе.

 

Related posts

Од руска воена обука до украинската армија: Австралија откри необичен случај на наводна шпионажа

admin

СДСМ во нова внатрешна војна: „Реформаторите“ и раководството во отворен судир

admin

Груевски: И Заев и Мицкоски се плашат од моето враќање

admin

Цензусот ќе пресуди кој ќе дава мандат за нова влада

admin

ФИЛМСКА АКЦИЈА ВО ИРАН: Како ЦИА го лоцирал американскиот војник?

admin

Судиите и Владата во спор околу финансиската независност на правосудството

admin