19.8 C
Скопје
16 септември, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗАСТАВ

Оптимален одржлив модел за финансирање на здравствениот систем

Пишува: Ристе Костовски

Меѓу најважните подсистеми во општествениот систем е здравствениот систем. Здравствениот систем е од исклучителна важност за благосостојбата на населението и одржување стабилни демографски тенденции. Системот на здравствена заштита е во директна корелација со човечкиот развој.

Концепциски, клучно за секој систем е тој да биде ефикасен, одржлив и да ги испорачува очекуваните ефекти. Во продолжение, ќе бидат анализирани одредени податоци за нашата земја со помош на кои може да се апроксимира ефикасноста на здравствениот систем во нашата земја.

Најпрво, доколку го погледнеме графиконот за расходите за здравство како процент од БДП може да се забележи одредена стабилна тенденција. Она на што треба да се стави акцент е пристапот на планирање на средствата. Имено, потребно е да се подобри ефикасноста во користењето на средствата во самиот систем. Во таа насока неопходно е да се подобри транспарентноста во трошењето на средствата како и да се постават добри индикатори за мерење на ефектите од дадените финансиски ресурси како и да се подобри оперативната ефикасност во користењето на истите.

Моделите на финансирање на здравствениот систем во основа треба да бидат насочени кон подобрување на неговите капацитети, квалитетот на услугите, поставување на негова финансиска одржливост и отпорност на шокови.

На страната на аутпутот доколку се разгледа бројот на починати новороденчиња, може да се забележи дека до 2017 нивото на овој индикартор е високо. Тука треба да се постави прашањето за ефикасноста за користење на финансиските ресурси во овој период т.е дали издвојувањата на средства поврзани со овој податок биле искористени и зошто нивниот продуктивен ефект е низок, т.е дали биле недоволни или неефикасно искористени.

 

Related posts

Анализа на Дојче веле / „Обама момент”: Првиот премиер Албанец во Македонија

admin

Опасна политичка апатија

admin

Буџетот за 2024 година: Високи капитални расходи, натамошно намалување на дефицитот

admin

Квазиленд

admin

Да се подготвиме за забрзување на историјата

admin

Зависноста на Владата на Мицкоски од предизборната пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ веќе е проблем на нацијата

admin