17.8 C
Скопје
10 септември, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗАСТАВ

Значењето на волонтирањето за вработливоста

Пишува: Ристе Костовски

Paine et al. (2013) во својот труд нотираат дека волонтирањето има статистички позитивни, но слаби ефекти врз вработливоста. Овој наод може да се објасни доколку се направи подлабока анализа со цел да се детектира јазот меѓу волонтирањето и вработувањето, а стратешките документи, политиките и програмите да бидат насочени кон негово намалување.

Hirst (Cambridge Policy Consultant) во својот извештај поентира дека половина од волонтерите се согласуваат дека волонтирањето ја подобрува вработливоста. Petrovski et al. (2017) во својот труд нотираат дека волонтерството го намалува ризикот од невработеност. Овие наоди се во согласност со очекувањата и интенцијата за волонтирање.

Она што е важно е дека политиките на пазарот на труд и, конкретно, стратегиите за волонтирање треба да бидат насочени кон подобрување на вработливоста и намалување на ризикот од невработеност. Исто така, важна варијабла е нивото на надоместок кај волонтерите, со цел тие да бидат мотивирани. Она што дополнително треба да се има предвид е дали волонтирањето ex post ја подобрува продуктивноста и индиректно влијае врз висината на платата кај вработените кои претходно волонтирале. Тука е потребен континуитет во следењето на овие перформанси и поставување механизми за стимулирање на продуктивноста и растот на платите.

Она што е нотирано во Стратегијата е дека постои ниска свест за волонтерството и дека треба да се работи на промовирање на овој концепт. Она што недостасува за длабинска анализа на волонтерството се податоци со кои би можеле да се прават и проекции за волонтирањето и импактот врз пазарот на труд во иднина.

Од графиконот може да се забележи високо ниво на невработеност кај младите, кое во последните години се намалува, но како стапка сè уште е високо. Покрај другите мерки и политики кои се имплементираат, добро е волонтирањето да го искористи својот потенцијал и да влијае врз намалувањето на стапката на невработеност кај младите, како и врз самата должина на процесот на вработување, т.е. врз намалувањето на траењето на невработеноста.

Related posts

Северна Македонија се истакнува како силен европски сојузник на САД – Што значи тоа за Украина

admin

УЧЕСТВОТО НА МЛАДИТЕ ВО ПОЛИТИЧКИОТ И ЈАВНИОТ ЖИВОТ САМО ДЕКЛАРАТИВНО

admin

Сè да се собере, пораз ќе остане

admin

„Путинизацијата“ на американската надворешна политика стигна во Венецуела

admin

Писмото е наш универзум, прославата во различни галаксии

admin

Пораките на Урсула фон дер Лајен

admin