23.8 C
Скопје
13 ноември, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗАСТАВ

Србија по изборите: Какви ќе бидат нејзините односи со Западот, Истокот, соседите и Косово?

Познатиот белградски новинар Слободан Ступар, долгогодишен дописник на Би-би-си, во анализа за Инбокс7 одговара на клучните прашања: каква ќе биде Србија по овие избори, каква ќе биде насоката на нејзината надворешна политика и односите со Западот и Истокот, како Белград ќе се однесува кон соседите, вклучително и кон Северна Македонија, и каква политика може да се очекува кон Косово?

Пишува: Слободан Ступар

Иако новата влада на Србија сè уште не е формирана, ќе се обидам да одговорам на поставените прашања, потпирајќи се на повеќе или помалку логични претпоставки.

Многу нешта сè уште се неизвесни, но клучното прашање гласи: дали Србија ќе добие нова политика или станува збор само за промена на режимот кој ја води истата политика веќе повеќе од 40 години? Токму во тоа е суштината.

Студентската листа ја поддржаа и левите и десните политички кругови, како и граѓанските опции, со заедничка цел – смена на режимот на Вучиќ. Затоа, додека го чекаме името на новиот премиер и неговото експозе, можеме само да шпекулираме за идната насока на надворешната политика на Србија.

Мое мислење е дека Белград во почетокот ќе настојува да задржи какви-такви односи со Кина и Русија, но дека истовремено ќе работи на зајакнување на односите со Западот.

Клучното прашање, меѓутоа, е Србија и нејзините односи со соседите. Веќе сега е јасно дека новата влада ќе сака да воспостави значително подобри односи со сите соседни држави, со еден исклучок – Косово, барем засега.

Косово и натаму е своевидна табу-тема. По тоа прашање, единствено Соединетите Американски Држави би можеле да имаат одредено влијание врз новата власт во Србија, а можеби и врз Српската православна црква (СПЦ), која претставува една од најцврстите пречки за промена на политиката на Белград кон Косово.

Останува отворено и прашањето колку новата влада ќе биде единствена. Сите лесно се согласија околу потребата од смена на Вучиќ, но, со оглед на големите политички разлики меѓу нив, стабилноста на идната влада ќе можеме да ја процениме дури по неколку месеци.

Кога станува збор за внатрешната политика, целта е јасна – воспоставување демократски институции и изградба на стабилна економија, ориентирана кон Западот.

Related posts

За 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор

admin

Можни сценарија во случај на распад на германската влада

admin

Буџетот за 2024 година: Високи капитални расходи, натамошно намалување на дефицитот

admin

Херои и убијци

admin

Руралниот туризам – неискористениот потенцијал на македонското село

admin

Колку чини правдата за моите пари

admin