Пишува: Ана Чупевска
🔹За Агенцијата за разузнавање (АР) – чија надлежност е детектирање закани од надвор, вклучително и по економските интереси на државата:
1. Дали АР навремено предупреди за опасноста од влезот на „Алта Банка“ во земјата?!
2. Дали АР соодветно и задолжително го информираше државниот врв (Претседател, Претседател на Собрание, Премиер, Министер за финансии, Гувернер…)?!
3. Дали АР ги собра информациите ( кои се и јавно достапни) за тоа која е банката, кои криминалци и политичари стојат зад неа, и какви криминални шеми врши во Србија и регионот?!
🔹 За Агенцијата за национална безбедност (АНБ):
4.Дали АНБ изработи проценка за негативното влијание од присуството на „Алта Банка“ во банкарскиот и финансискиот систем во РСМ?!
5. Дали направи проверки за клучните луѓе кои влегоа во управните и надзорните органи на банката?!
6. Дали за ова го информираше државниот врв?
7. Дали побара и размени информации со членките на НАТО?!?!
8. Дали службите навремено предупредија, или поважно – дали воопшто предупредија?
9. Дали и покрај сè, државниот врв свесно дозволи влез на ваква структура во земјава?!
10. Дали службите си ја извршиле задачата за која постојат и се платени од граѓаните, или се целосно партизирани и контролирани, па воопшто не смееле ни да ја допреат темата „Алта Банка“?!?! Или можеби некој им забранил?!
Овие прашања мора да се одговорат!
Овие прашања се за нивните законски надлежности!
Демократијата не подразбира молчење кога темелите на економската сигурност се разнишани.
Очекуваме одговори.

