15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Политичкиот модел „ала Рама“ во Северна Македонија

Пишува: Африм Таналари

Постојат земји каде политиката е занает. Постојат земји каде политиката е борба. И постојат земји како Балканот каде политиката често е театар. Во овој театар, некои влегуваат со програма, некои со знамиња, некои со гнев, а некои со посебен талент: да зборот го претворат во спектакл, а спектаклот во власт.

Во оваа последна категорија, „политичкиот модел ала Рама“ е посебна врста. Не само како фигура, туку како метод: комбинација од контрола на наративот, иронијата како оружје, естетиката како пропаганда и превентивен напад кон секој противник. Сето тоа, со доза мајсторство што ги прави противниците да изгледаат како луѓе што зборуваат со радио со слаба батерија, додека тој зборува со проектор, со светло, со екран, со сцена.

Дали овој модел може да функционира во Северна Македонија?
Може, но со „превод“, бидејќи тука публиката е посегментирана, сцената е порасцепкана, а власта не е само власт – таа е етничка равенка, институционален пазар и геополитичка сметка.

Во Северна Македонија, овој механизам е уште поефективен, бидејќи општеството често живее во две-три паралелни реалности: една албанска, една македонска, плус други мали реалности што се вртуваат околу дневните интереси. Кој успее да изгради единствен, разумен наратив за мнозинството, веќе ја има завршено половината работа.

Доколку има само првиот дел, спектаклот ќе падне во балканската замка: ќе изгради сцена, но не и држава.

Related posts

Дали ДУИ може да го замени водството на СДСМ – кој без кого (не)може

admin

Европа – да, Европа – сега!

admin

Ајде малку да ја разбиеме маглата и да ги разобличиме намерите

admin

Балтичките држави клоцаат големо куче

admin

ДУИ го сакаше Изет „кираџија“, а тој си направи три куќи?

admin

Што ќе ја дестабилизира државата?

admin