24.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Ковачевски – Осуда за одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ја признае самопрогласената независност на украинските региони Доњецк и Луганск.

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015“, напиша Ковачевски на Твитер.

Заедно со НАТО сојузниците, додава премиерот Ковачевски на социјалната мрежа, повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна независноста на проруските сепаратистички територии во источна Украина и потпиша „договори за пријателство и взаемна помош“ со нив. РСЕ

Related posts

АРД за Северна Македонија: Вечна потрага по идентитетот

admin

Македонска активистка протерана од Србија, МНР бара објаснување

admin

Само 17 пратеници “за”: Зошто пропадна обидот за амнестија?

admin

Четири нови дестинации на Визер од Скопје

admin

Сирискиот брег во пламен: Жестоки судири меѓу новата власт и приврзаниците на Асад

admin

Втор ден од министерскиот совет на ОБСЕ, Лавров “нон грата”

admin