25.8 C
Скопје
21 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Само 17 пратеници “за”: Зошто пропадна обидот за амнестија?

Предлог-законот за амнестија не помина во Собранието. „Против“ беа 66 пратеници, а „за“ гласаа само 17. Засега ќе нема амнестија на осуденици за „лесни кривични дела“. Законот за амнестија што го предложи Владата не ја доби поддршката од пратеници на денешната пленарна седница во Собранието, јави РСЕ.

Кога пресетедателот на парламентот Талат Џафери повика да се гласа дали владиниот предлог по скратена постапка да се донесе Законот за амнестија, мнозинство од 66 пратеници гласаше „против“.

Глас „за“ дадоа само 17 пратеници, а тројца беа „воздржани“.

Поддршката за предлог-законот ја дадоа Алијанса за Албанците и ДУИ, додека меѓу оние што беа „против“ доминираа гласовите од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нивните коалиции.

Пред да гласаат, предлог-законот од собраниската говорница го образложуваше министерот за правда Кренар Лога кој, како што најави, во парламентот донесе албум со фотографии од условите во затворите.

Меѓу причините зошто треба да се донесе законот, министерот претходно ги посочи алармантната состојба со условите во затворите и пренатрупаноста на капацитетите. Тука тој ја наброја и можноста за ресоцијализација на осудениците за полесни кривични дела.

Лога наведе дека ова не е првпат да се носи амнестија во земјава, а во неколку наврати потенцираше дека речиси истиот закон беше донесен во 2018 година, кога доби поддршка и од повеќето партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, министерот не ги убеди пратениците да дадат поддршка за овој предлог-закон.

„Денеска Северна Македонија е понеправедна од вчера“, искоментира Лога на неговиот официјален профил на Фејсбук откако не помина предлог-законот.

Во изјава за медиумите, пак, министерот најави дека сега ќе го предложи законот во редовна постапка, а за тоа што пратениците не гласаа „за“ рече дека гледа како на одмазда бидејќи не дал поддршка за измените на Кривичниот законик.

Предлогот предвидуваше амнестија за „лесни кривични дела“ – целосно ослободување на осуденици кои добиле затворска казна до шест месеци, а 30 отсто намалување на казните за останатите. Исклучок беа сторителите на тешки кривични дела.

Вака поставениот предлог значеше дека од 2 114 осуденици кои се наоѓаат во затворите, на слобода би излегле 286, додека делумно би се амнестирале 996. Ваквите пресметки не беа конечни бидејќи 2 813 лица чекаат да влезат во затвор и за нив ќе требаше дополнително да се прави анализа кој ќе биде амнестиран.

Related posts

Рубин: Србија е влезна точка за пропаганда од Русија на Западен Балкан

admin

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin

КАКО НА ДРИСЛА Ѝ БИЛО ДОЗВОЛЕНО ДА ИЗГОРИ ИЛЈАДНИЦИ КИЛОГРАМИ ОПАСЕН ОТПАД?

ninja

Општетсвото да се бори повеќе за медиумската саморегулација

admin

ИВАНОВСКА – ВО МАКЕДОНИЈА ЦАРУВААТ ДИВОГРАДБИ

ninja

Забраната за влез на архимандрит – порака со повеќе значења

admin