22.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Зголемени активности на македонските безбедносни служби по судирот меѓу Израел и Хамас

Проценката на ризикот од можни терористички закани за земјата и Западен Балкан зависи во голема мера од тоа како ќе се развива војната на израелската војска против палестинската Хамас, вели Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолски.

Моменталната безбедносната проценка за ризик во земјата е на средно ниво, што значи дека е покачено нивото на активности на безбедносните служби, по нападите на палестинската милитантна група Хамас врз Израел на 7 ми октомври, изјави денеска Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолски.

Тој објаснува дека само неколку месеци пред нападот на Хамас врз Израел македонската безбедносна проценка за ризик од терористички закани била на ниско ниво.

Апостолски објаснува дека еден од факторите во безбедносната проценка за ризик е како ќе се одвива конфликтот, дали ќе трае подолго како и тоа, дали ќе ескалира на регионално нив во Блискиот Исток имајќи ги предвид засега јавно декларираната поддршка на Иран и спорадичните напади од либанската милитантна група Хезболах.

Спорен него, проценките засега се дека е можна регионална ескалација на овој конфликт, а со тоа реално е да се очекува да се манифестираат дел од тие појави на подрачјето на Западен Балкан, нешто за кое редовно се разговара на регионално ниво за мерките и можните закани со цел спречување на можни терористички закани.

Кога се зборува за проценките за можна регрутација на граѓани кои би заминале како борци во Израел или Хамас, реална е заканата да се вклучат во борбите и дел од македонските граѓани но и од Западен Балкан.

„ Многу рано е да кажеме дека постои организирана форма за агитирање кон луѓе кои би заминале да се борат на палестинската страна, засега се забележува пишување на социјалните мрежи, некоја поорганизирана форма на агитирање во еден или друг правец не е регистрирана во земјава, но понатаму како ќе биде зависи од развојот на настаните“, вели Апостолски.

Националниот координатор посочува дека можноста за постоење на центри за ширење на џихадистичка идеологија во земјава е реална.

„Токму од тој аспект ги градиме превентивните механизми на локално ниво, да ги препознаеме лидерите кои агитираат за одредена страна и кои повторно може да ги доведат до заблуда нашите граѓани и да ги однесат на некакви ратишта каде би ратувале за туѓи интереси и цели, истото претходно се случи со Сирија и Ирак“, објаснува тој.

Отпорност од радикализација на граѓаните е целта на двете донесени Национални стратегии ( 2023-2027 година) за спречување насилен екстремизам и за борба против тероризам, за кои е неопходна силна соработка со локалните власти преку советите за превенција.

Според последните безбедносни проценки од земјава во изминативе години заминале над 140 луѓе за да се борат за Исламската држава од кои 85 се вратени во земјава. Петмина македонски граѓани според последните безбедносни информации се наоѓаат во Сирија.

Дел од повратниците од ИСИС кои се осудени во земјава, се распоредени во петте затвори, каде што со нив се работи на ресоцијализација и рехабилитираат вели Апостолски.

Според информациите на Радио Слободна Европа, единаесеттемина од шестото крило во КПД „Идризово“ отслужуваат казна во познатото „шесто крило“ за учество во странска војска или паравоени формации при што работат на ширење на радикална идеологија.

Апостолски вели дека заедно со директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Станоевиќ уште во 2017 година ја препознале опасноста што постои во затворите, осудените и затворени лидери да ги „инфицираат“ другите затвореници, односно да ја шират радикалната идеологија.

„Не е дека ние не преземаме активности, направивме многу за да ја спречиме радикализацијата во затворите. Ние во целост сме во тек што се случува, но факт е дека не може преку ноќ да ги направиме затворите според европските стандарди, затоа треба и политички консензус да се постигне за да се сменат некои работи во казнено поправните домови. Но, знаеме дека се правеше радикализација и дека постои можност за да се прави, да, но дека работиме за да го спречиме тоа, работиме силно“ вели тој.

Како мерки за справување со овој проблем Националниот комитет изработил посебни процедури за постапување на тимови во затворите за да го следат овој проблем, каде што, како што вели, Апостолски се спроведуваат програми за спречување на радикализација, и како тие луѓе да се ресоцијализираат.

„Но кога зборуваме за идеолошки концепт, ние не можеме да кажеме дека за две години ќе го смениме идеолошкиот концепт, и дека пренатрупаноста на затворите и состојбите кои се случуваат, ние да мижиме и да речеме дека не се факт, тоа се факти. Ние ,според тоа, како треба да ги третираме тие затвореници, не постојат услови во затворите за да ги третираме тие затвореници“, додава тој.

Во овој перид Апостолски тврди дека процесот на интезивна радикализација во затворите е спречен, како и тоа дека повеќе нема ризик од ширење на радикален ислам во верските објекти. Но, ризикот истиот да се шири во приватни домови постои.

Невладиниот сектор заедно со Националниот комитет работат со локални тимови на ресоцијализација и рехабилитација на семејствата на повратниците. Како жртви се евидентирани 14 деца повратници од странски боишта кои се вклучени во македонскиот образовен систем и здравствено згрижени. Петте жени кои се повратнички од странски боишшта, а не се осудени за тоа во земјава, не се третираат како жртви, по поминување на процедурите сега се прифатени од нивните семејства и со нив интезивно се работи на нивна ресоцијализација./РСЕ

Related posts

Низ Западниот Балкан ќе се патува со лични карти

ninja

Мицковски: СДСМ и ДУИ формираа антимакедонски фронт

admin

Убедлива победа на Мицотакис, “згазена” Сириза

admin

Нова обврзница: Државата позајмува од граѓаните за да го покрие буџетскиот дефицит

admin

Дуално стручното образование го зголемува вработувањето на младите

admin

ДУИ ја засилува реториката против „олигарсите“

admin