11.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Шолц го суспендира процесот за сертификација на Северен тек 2

Германскиот канцелар Олаф Шолц соопшти дека го става на пауза процесот за сертификација на контроверзниот гасовод Северен тек 2 од Русија до Германија, како реакција на руските постапки во Украина.

Шолц денеска изјави дека побарал да се прекине процесот за преглед од германскиот регулатор на 11 милијарди долари вредниот гасовод, кој треба да испорачува руски природен гас од Русија, преку Балтичкото Море до Германија.

„Тоа звучи технички, но тоа е неопходен административен чекор за да не може да се сертифицира гасоводот, а без ваков сертификат Северен тек 2 не може да почне со работа“, рече тој.

Засега не е познато колку тоа ќе го одложи почетокот со работа на гасоводот или кога процесот за сертификација може да продолжи. Гасоводот е завршен, но сè уште не почнал со работа зашто се чека на сертификатот.

САД и некои европски земји долго време се спротивставуваат на гасоводот, кој сметаат дека ќе ја зголеми зависноста на Европа од руски гас.

Вашингтон смета дека гасоводот ќе ѝ нанесе економска штета на Украина, овозможувајќи ѝ на Русија да го пренасочи извозот околу Украина, со што Киев ќе изгуби милијарди долари годишно од транзитни такси.

Шолц рече дека неговата влада одлучила да ја „преразгледа“ сертификацијата на гасоводот поради најновите случувања.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ако Русија ја нападне Украина „тогаш веќе нема да има Северен тек 2“.

„Ви ветувам, ќе ставиме крај на тоа“, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска побара да се затвори гасоводот, откако Русија ги призна сепаратистичките региони во источна Украина како независни држави и испрати свои војници таму.

Зеленски рече дека Русија мора да биде казнета за нејзините постапки со „итни санкции“ кои вклучуваат „стопирање на Северен ток 2“.

Related posts

КОВАЧЕВСКИ ЈА ОТФРЛИ ИДЕЈАТА ЗА ЗАЕДНИЦА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ

ninja

Изгаснат пожарот во украинската нуклеарна централа, објектот под руска контрола

ninja

Ангеловски: Одреден квантум на вработени од јавниот сектор да се преусмерат во приватниот сектор

admin

Нов однос кон Софија или загревање за избори?

admin

Нова афера на повидок: Дали ВМРО-ДПМНЕ се прислушкува?

admin

САД спрема санкции против владата на Косово

admin