17.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Слушнати експлозии во Киев, Путин најави воена операција во источна Украина

Експлозии се слушнаа во Киев вечерва, веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин најави „воени операции“ во украинскиот регион Донбас.

Путин раноутрово најави почеток на воена операција во источна Украина, велејќи дека дејствува како одговор на заканите од Украина и ги предупреди другите земји да не интервенираат.

Тој во телевизиското обраќање околу 6 часот по локално време додаде дека оние кои се противат на руската акција во регионот на Донбас ќе се соочат со „последици какви што никогаш не виделе“.

Во исто време, неколку експлозии се слушнаа во главниот град на Украина, Киев, далеку од центарот на градот.

Американскиот претседател Џо Бајден во изјавата доцна вечерва рече: „Молитвите на целиот свет се со народот на Украина вечерва додека тие трпат неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили. Претседателот Путин избра однапред смислена војна која ќе донесе катастрофална загуба на животи и човечки страдања. Само Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе ги донесе овој напад, а Соединетите Држави и нивните сојузници и партнери ќе одговорат на обединет и решителен начин. Светот ќе бара одговорност од Русија“, рече тој.

Бајден вечерва зборуваше по телефон и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, и рече дека го брифирал за чекорите што САД планираат да ги преземат.

„Ме замоли да ги повикам лидерите во светот да зборуваат јасно против флагрантната агресија на претседателот Пути, и да го поддржат народот на Украина“, изјави Бајден по разговорот со Зеленски.

Во соопштението се вели дека Бајден ќе ја следи ситуацијата во текот на ноќта, а утре ќе се состане со колегите од Г7 наутро и потоа ќе разговара со американскиот народ за да ги објави натамошните последици што САД и нивните сојузници и партнери ќе ги наметнат на Русија.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша дека „Путин лансираше целосна војна против Украина. Напади продолжуваат врз мирните украински градови. Украина ќе се брани и победи. Светот може и мора да го стопира Путин. Време е да се делува сега“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг строго го осуди, како што го нарече, рускиот неоснован и неиспровоциран напад на Украина.

„И покрај нашите повторени предупредувања, Русија одбра пат на агресија“, рече Столтенберг.

Во исто време, вечерва Советот за безбедност на ОН одржа ноќна вонредна седница, втора оваа недела на која разговараше за кризата во Украина./ VOA

Related posts

ОТВОРЕНА РЕЗЕРВА КОН „ОТВОРЕН БАЛКАН“

ninja

ДУИ молчи за исклучувањето на ограноците на Чаир и Сарај, Меџити: партијата е во анархија

admin

Паѓа градежниот бизнис – за една година изградени 530 станови

admin

Руската војска нема да купува оброци од фирмата на Пригожин

admin

ТАРАВАРИ: БИ ПОДДРЖАЛЕ И МАЛЦИНСКА ВЛАДА, НО ПОДГОТВЕНИ СМЕ И ДА РАКОВОДИМЕ СО ОДРЕДЕНИ ИНСТИТУЦИИ

ninja

Има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Северна Македонија?

admin