17.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Русија продолжи со нападите врз главниот град Киев

Русија продолжи со нападите врз главниот град на Украина Киев во средата, додека министрите на НАТО се среќаваат да разговараат за руската инвазија, а украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува преку видео врска да се обрати на американските конгресмени и сенатори во Вашингтон.

Гeнералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека министрите во Брисел ќе разговараат и за „непосредните последици од руската инвазија“ и за долгорочните напори за зајакнување на колективната одбрана на НАТО.

„НАТО има одговорност да обезбеди оваа криза да не ескалира подалеку од Украина, а тоа е и причината зошто го зголемивме присуството во источниот дел на алијансата“, им рече Столтенберг на новинарите.

Тој рече дека потенцијалните дејства би можеле да вклучат поставување „значително повеќе сили“ во источната област, заедно со зголемување на поморските и воздушните распоредувања, системи за ракетна одбрана и одржување поголеми и почести воени вежби.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја истакна поддршката за способноста на Украина да се брани себеси, како и посветеноста на САД да му помогне на секој сојузник на НАТО, што ќе биде нападнат. „Мислам дека нашето присуство овде испраќа сигнал до светот дека остануваме обединети во нашата поддршка на Украина и ја осудуваме неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија во Украина“, рече Остин.

Русија се спротивстави на присуството на НАТО во близина на нејзините граници и бараше гаранција дека Украина никогаш нема да се приклучи на Алијансата. НАТО инсистира на тоа дека земјите се слободни да носат свои одлуки за безбедносните врски. Иако Украина не е дел од НАТО, седум земји на НАТО ги делат границите со Русија, Украина или рускиот сојузник Белорусија, а таа близина предизвика загриженост за поширок конфликт. Столтенберг рече дека има 100.000 американски војници во Европа и уште 40.000 војници под директна команда на НАТО, како и стотици илјади други во зголемена готовност низ земјите на НАТО.

Некои информации се од Асошиејтед прес, Франс-Прес и Ројтерс.

Related posts

Кина и Русија го критикуваат Израел, се заоструваат поделбите со Западот

admin

Вагнер го запре бунтот, но покажа колку е слаб Путин

admin

Бајден: Хамас и Путин имаат иста цел-да ја уништат демократијата

admin

Вучиќ и Османи со меѓусебни обвинувања, Косово бара од ЕУ да ги тргне санкциите

admin

ЗЕЛЕНСКИ ВО КОНГРЕСОТ: „ЌЕ ПОБЕДИМЕ БИДЕЈЌИ СМЕ ЕДИНСТВЕНИ“

ninja

Нов дијалог или нови рокови за уставни измени?

admin