11.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Пендаровски: Полска отсекогаш била наш поддржувач

Политичкиот дијалог меѓу двете земји е на највисоко ниво, Македонија ја има поддшката на Полска за евроинтеграциите, а во иднина треба да се продлабочи соработката на економски план, констатираа на денешната средба претседателите на Северна Македонија и Полска, Стево Пендаровски и Анджеј Дуда.

Претседателот Пендаровски, кој е во официјална посета на Полска, на прес-конференцијата по средбата со Анджеј Дуда, посочи дека интензивираниот политички дијалог меѓу двете земји е на највисоко ниво во последниве години и тоа и во време на глобални кризи.

„Полска отсекогаш била наш принципиелен и гласен поддржувач и во таа насока посебно ја поздравувам подготвеноста на нашите домаќини да ги користиме нивните искуства и експертиза за време на процесот на преговори. Верувам дека во следниов период, полската поддршка ќе биде засилена и тоа не само билатерално, туку и преку Вишеградската група, како и преку другите регионални форуми во кои членува“, рече Пендаровски.

Централната тема на состанокот, била војната во Украина и последиците од неа при што македонскиот претседател потенцираше дека ќе продолжиме да обезбедуваме воена и хуманитарна помош за украинскиот народ. Пендаровски рече дека со претседателот Дуда ги потврдиле заедничките заложби како кредибилни партнери во НАТО Алијансата и ја поздравиле соработката меѓу двете држави како дел од ОБСЕ тројката.

„Високо го цениме полското претседавање со ОБСЕ оваа година, и ве уверувам дека ќе продолжиме уште поинтензивно да даваме свој придонес во намалување на последиците од војната преку македонското претседавање со оваа организација во наредната, 2023 година“, додаде Пендаровски.

Во однос на економската криза, Пендаровски рече дека иако е неспорен фактот дека меѓу Северна Македонија и Полска се зголемува економската соработка, заеднички констатирале дека во наредниот период треба потесно да соработуваат на овој план.

Related posts

Разузнавачки агенции: САД се соочуваат со кревок светски поредок

admin

Цената на нафтата се искачи на највисоко ниво, причина – Украина и Саудиска Арабија

admin

ДРЖАВАТА ЌЕ МОРА ДА ГИ ПОКРИЕ ДЕЛ ОД ДОЛГОВИТЕ ЗА СТРУЈА

ninja

Агелер: Од Софија слушнавме агресивен јазик без факти

admin

„Шпигел“ за Вучиќ: „Кукларот од Белград“

admin

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ БРАЗИЛСКИ ФУДБАЛЕР ПЕЛЕ

ninja