24.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КОВАЧЕВСКИ – М-НАВ ПОСТАПИ ДОБРО СО КОНКУРСОТ ЗА КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ

Управниот одбор (УО) на М-НАВ постапи добро со тоа што го заврши конкурсот за контролори на летање онака како што бил започнат и како што бил евалуиран од страна на данските консултанти, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

„Уште во текот на минатата недела ги повикав тројцата директори од М-НАВ да дојдат и да реферираат на седница на Влада, рече Ковачевски одговарајќи на прашањето што ќе преземе Владата по последните случувања со конкурсот на контролори на летање во М-НАВ.

Премиерот одговараше на прашања на отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје.

Ковачевски вели дека од тоа што директорите ќе го кажат на Влада ќе зависат следните чекори што ќе се преземат.

Раководството на М-НАВ АД Скопје вчера го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање, предложен од Комисијата за избор и селекција и даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување. Претходно Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) изрази сомнеж дека во државната компанија има планови за поништување на огласот бидејќи не биле избрани кандидати блиски на менаџментот и на функционери.

Синдикатот најави дека ќе бара одговорност за случувања со кои сметаат дека се нарушил кредибилитетот на нивната професија.

Од УО на М-НАВ вчера во соопштени наведоа дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што било наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено е точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти“.

Related posts

Филипче најави политичка офанзива: Интерпелации, блокада на „Скопје 2028“ и предупредување за тежок септември

admin

Фон ден Лајен ја почнува балканската турнеја утре во Скопје

ninja

Армијата ќе се поднови со хеликоптери „агуста“ од Италија

admin

Кандидатурите за еврокомесари низ скенерот „Македонија“

admin

Мицкоски со порака до Брисел и Софија: Без гаранции нема нови отстапки

admin

Мицкоски до Софија: Нема веќе попуштања, заврши времето на предавства

admin