9.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕДНА ТРЕТИНА ОД СТРУЈАТА ВЧЕРА ОБЕЗБЕДЕНА ОД УВОЗ

Третина од електричната енергија за домаќинствата и малите компании вчера била обезбедна од увоз. Потребни биле 10.033 мегаватчаса, но ЕСМ од своето производство успеало да покрие само 6.873. Останатите 3.160 мегаватчаса електрична енергија биле купени по просечна цена од околу 250 евра.

„АД ЕСМ на 18.11.2022 произведе 6 873 мегават часови електрична енергија, а набави 3 160 мегават часови. Потребите за електрична енергија непречено се задоволуваат“, соопшти Владата.

Во меѓувреме АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) соопшти дека Блок 1 во РЕК Битола се санира и од страна на стручните екипи се отстрануваат пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката.

Според ЕСМ, блокот се враќа на мрежа од понеделник. До крајот на неделата е планирано стартување на РЕК Осломеј, додека следната недела се вклучуваат ТЕЦ Неготино и Блок 3 на РЕК Битола, со што ќе бидат ставени во функција сите електрани во системот на АД ЕСМ.

Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола е на пат од Солун кон граничниот премин Меџитлија. Трансформаторот се изработуваше во фабриката Астор во Турција и се очекува на 22 ноември да биде во РЕК Битола, соопштуваат од ЕСМ.

Related posts

За учебници нема време, за лекција до родителите – има!

admin

Србија преку авионски линии ќе се поврзува со САД

admin

Половина нација пушачи, законот никој не го есапи

admin

Страшна сообраќајна несреќа: Седум лица повредени

admin

Руски дипломат протеран од ЕУ во чистка на шпиони сега е набљудувач на ОБСЕ на изборите во Србија

admin

Политико: Новата власт во Скопје ризикува да ги оживее тензиите

admin