26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

За учебници нема време, за лекција до родителите – има!

Од вкупно 126 учебници потребни за сите предмети во основното образование, на почетокот на училишната година МОН не обезбедило дури една третина од нив, поточно 43 учебници или 34%. Наместо министерот за образование на РСМ да им даде објаснување на родителите како во такви услови ќе се одвива наставниот процес, тој им објасни дека за образованието е важно интегрирањето во ЕУ.

„Интегрирањето на нашата земја во Европската Унија е многу важен момент. Ви се обраќам на сите вас родители (…) Дали би одбрале да се движите понатаму за напредок или би останале во истата точка уште неколку години, бидејќи друга алтернатива нема. Интегрирањето во ЕУ значи помодерни училишта за вашите деца, дигитализација, универзитети со повисок квалитет, отворен пазар за сите насоки во образованието“, напиша министерот на Фејсбук.

На родителите им посочува кој е патот и овде да се стигне до успешна европска приказна во образованието, но тој пат како да не зависи од МОН, туку од Собранието.

 

„ЕУ нема потреба од нас, ние имаме потреба да се интегрираме бидејќи тој е моделот според кој сакаме да живееме, нели? Секој ден им завидуваме на европските земји за нивниот убав живот, дигитализираните училишта, заради тоа ајде и ние да бидеме успешна, модерна и интегрирана приказна. Вие имате интелектуален капацитет да размислувате што е најдобро за вашите деца, токму затоа не треба да дозволиме да живееме со совеста дека другите се интегрираа, а ние згрешивме. Јас сум сигурен дека ќе одвоите време уште еднаш да размислите што е најдобро за сите нас, но најважното е што е најдобро за вашите деца. Имате потполен легитимитет да го побарате тоа од вашите претставници во Собранието“, им сугерира Јетон Шаќири на родителите пред почетокот на учебната година, на 26-ти август.

 

Целата анализа прочитајте ја ТУКА

Related posts

ЕУ повикува на дијалог за испитот по правосудство на албански јазик, протестите оценети како легитимни

admin

Синдикатот ССМ ја обвинува Владата за поткопување на преговорите за плати

admin

СЕ ЗАМРЗНУВА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ НА 33 ДЕНАРИ

ninja

ВООРУЖЕНИ ПРЕСМЕТКИ НА БАНДИТЕ КАКО НА ФИЛМ, ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК

ninja

Православните христијани во Северна Македонија го слават Бадник

admin

Убиен новинар пред неговиот дом

admin