12.8 C
Скопје
1 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

СЕ ЗАМРЗНУВА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ НА 33 ДЕНАРИ

Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари и го укина субвенционирањето на струјатаза производителите на основните прехранбени продукти затоа што не ги намалиле цените. Ограничувањето на цената на лебот на 33 денари ќе важи до 31 мај.

Со неа се замрзнува цената на белиот и полу бел леб на 33 денари леб, со тежина од 450 грама. „Цената на лебот под 450 грама ќе биде до 33 денари. Антикризните мерки не ги донесовме за едни да плаќаат, а други да се богатат и да удрат по џебот на граѓаните за бенефит на поединци“, рече Ковачевски.

Ќе има ли леб по замрзнувањето на цената?

Ваквата мерка следи откако пекарниците се заканија дека ќе престанат да произведуваат леб и да го носат на пазарот ден откако ќе биде објавена во „Службен весник“ одлуката за замрзнување на цената на лебот. Пекарско-мелничарската индустрија смета замрзнувањето на цената на 33 денари води кон затворање на компаниите кои веќе имаат загуби.

Но, министерот за економија, Крешник Бектеши, сите анализи коишто ги направило министерството покажале дека максималната цена за 450 грама на бел леб треба да биде 32 денари. Според министерот, во одредени градови лебот се продава по цена од 28 па се до 45 денари, а различна цена на лебот била детектирана и во главниот град.

Крешник Бектеши
Доколку пекарите престанат со производството на леб, инспекциите ќе излезат на теренФотографија: Wirtschaftsministerium Nord-Mazedonien

„Не е логично да има толку голема разлика во производството на определен леб. Ние сметаме дека поддршката од страна на Владата за производителите, треба да им се врати на потрошувачите“, вели Бектеши.

Тој ги повика пекарите да седнат и да разговараат за да се најде соодветно решение за проблемот и заеднички да се обидат да им помогнат особено на најранливите категории во земјата.  „Не е фер да се кажуваат невистини податоци, да не креираме хистерија кај граѓаните“, порача Бектеши.

Доколку пекарите престанат со производството на леб, ресорниот министер најави дека надлежните инспекции ќе преземат мерки согласно законот.

Едни плаќаат – други се богатат

Според премиерот Димитар Ковачевски, ваквите одлуки се носат со цел да не се дозволи едни да плаќаат, а други да се богатат.

Во декември 2022 година, Владата овозможи производствените капацитети на основни прехранбени производи да се снабдуваат со електрична енергија со пониски цени преку ЕСМ продажба. Тоа значеше дека ќе се снабдуваат со струја по цена од 80 евра по мегават час во услови кога цените на берзите беа и над 400 евра за мегават час. Целта беше да се влијае на намалување на цените на основните прехранбени производи.

струја
Владата го укина субвенционирањето на струјата за производителите на основните прехранбени продукти затоа што не ги намалиле цените.Фотографија: Andreas Franke/dpa/picture alliance

Премиерот вели дека токму поради тоа нема да дозволи неоправдано покачување на цените. „Помина доволно време за да се усогласат цените. По извршените проверки од Државниот пазарен инспекторат иако производителите добиваа субвенција за електрична енергија, цените на производите не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени продукти – дел намалија од 7-12 проценти“, вели премиерот.

Отсега производителите на основните прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија.

Related posts

Ковачевски: Ова не е прва посета на Ескобар, нема да биде ни последна

admin

Агелер: Од Софија слушнавме агресивен јазик без факти

admin

КОЈ ЌЕ СЕ СПАСИ СО АМНЕСТИЈАТА НА КОВИД-КАЗНИТЕ?

ninja

Касами со одговор до Ковачевски и Пендаровски: Власта не може да го сокрие стравот

admin

МНР ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА ПРАТЕНИКОТ КОСТАДИНОВ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ВТОРА БУГАРИЈА

ninja

РУСИЈА НЕГИРА ДЕКА ИМАЛО РАЗГОВОРИ МЕЃУ БЛИНКЕН И ЛАВРОВ

ninja