15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Бугарија ја критикува Северна Македонија за непочитување на договорот и бара почитување на консензусот на ЕУ од 2022 година

Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, упати писмо до министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) со кое изрази загриженост за, како што рече, континуираното одбивање на Северна Македонија да го спроведе Договорот со Бугарија и да ги исполни обврските усвоени на ниво на Унијата.

Во писмото, Георгиев го посочи како „последна непотребна провокација“ иницијативата поднесена до Уставниот суд на Северна Македонија за оценка на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија од 17 јули 2022 година во Софија. Тој оцени дека иницијативата е координирана со ВМРО-ДПМНЕ и има за цел да создаде нов изговор за Скопје да го избегне спроведувањето на договореното.

„Со растечка загриженост ви го испраќам ова писмо на тема што предизвикува сè поголема фрустрација и за мојата земја и за Европската Унија“, наведува Георгиев. Тој потсетува дека во јули 2022 година двете земји се согласиле на конкретни чекори, кои би го гарантирале членството на Северна Македонија во ЕУ, но дека Владата во Скопје ги игнорирала.

Георгиев додава дека Бугарија јасно соопштила дека нема понатамошни услови освен она што веќе е договорено и дека нема да прифати измени на консензусот на ЕУ од 2022 година, без оглед на каков било процес, правен или политички, во Северна Македонија.

Во писмото се наведува дека политиката на Скопје, според Софија, се карактеризира со конфронтација, обвинувања и постојани негодувања, наместо да се спроведуваат договорените мерки за евроинтеграции. Георгиев исто така оценува дека тоа ја загрозува довербата на граѓаните и на ЕУ во процесот на проширување.

„Бугарија има Договор со Северна Македонија, кој очекуваме да биде почитуван и имплементиран во целост“, додава Георгиев, повикувајќи ги своите колеги од ЕУ да го земат предвид неговиот став во разговорите со надлежните власти во Скопје.

Писмото е адресирано и до високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, и до еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Од друга страна, претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, го критикува предложениот документ на СДСМ за декларација со „црвени линии“ во однос на евроинтеграциите, оценувајќи го како непотребен и апсурден.

„Имаше бели линии, па сега се зборува за црвени. Тоа е апсурдно“, рече Сиљановска-Давкова, нагласувајќи дека досегашните декларации и референдумски резултати често не биле почитувани. Таа додаде дека наместо нов документ, партиите треба да се договорат за својот став и настап надвор од државата.

Претседателката, исто така, се осврна на неодамнешното писмо на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој ја оцени иницијативата за оценка на уставноста како непотребна провокација. „Нашиот Уставен суд не е под јурисдикција на соседни политичари“, истакна Сиљановска-Давкова.

Related posts

12 мртви и над 300 повредени во Ријад, Трамп не исклучува американски

admin

Русија продолжи со нападите врз главниот град Киев

ninja

Професионално или партиско решение е новиот директор на АНБ?

admin

Димитриевски тврди „нулта корупција“ – ЗНАМ бара уште едно место во Владата

admin

Мицкоски: Инфлацијата околу 4% во 2026, Владата најавува построги казни за супермаркетите

admin

Кој го остави Груби сам? Во ДУИ почнаа јавни пресметки

admin