30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Пораки за обединување, но и меѓусебни критики за Денот на македонската револуционерна борба

За денот на македонската револуционерна борба кој денеска се одбележува во Северна Македонија Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните во која повикува да се надминат поделбите исто како и пред 130 години.

„Како што борбата на револуционерната генерација беше за слободна и праведна држава, така нашата борба денес мора да биде против корупцијата, непотизмот и криминалот што раѓаат недоверба, социјална неправда и масовно иселување на младите. Како и пред 130 години, така и ние мора да ги надминеме нашите поделби и да се обединиме околу заедничката цел – демократска и функционална правна држава со еднакви можности за достоинствен живот и напредок на секој нејзин граѓанин, истакнува Пендаровски во честитката по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

И Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка за 23 Октомври со порака од Република Северна Македонија „да создадеме европска и напредна држава“.

„Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава. Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат и да обезбедиме прогресивна иднина за нашите деца“, наведува премиерот во честитката.

За Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери споменот на старите битки кои не довеле до тоа што сме сега, треба да биде потсетник и учител за новите секојдневни битки кои ги водиме како граѓани на современа, демократска, напредна и безбедна Република Северна Македонија.

„ Овој ден е споменик на револуционерната идеја која водела низ битки во кои многумина го положиле најскапоценото, животот. Затоа што знаеле дека револуцијата е раскрсница помеѓу иднината и минатото. Тие верувале во слободна, независна, единствена и напредна држава во која секој ќе може да ја гради својата иднина и иднината на своите млади поколенија горделиво и достоинствено. За тоа била потребна и се уште е потребна пожртвуваност, верба и визија за во иднина да се уживаат плодовите на битките низ историјата“, истакнува Џафери во честитката.

И денес, како и тогаш на тој 23 октомври 1893 година, како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ни е потребен тој пркос и желба за подобро утре, зошто политиките на власта удираат по темелите на општеството, ја разјадуваат државата и ги бркаат луѓето од своите домови во странство, вели в освојата честитка претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Време е како пред 130 години да се обединиме под знамето на Македонија и да тргнеме напред, да и кажеме не, на власта која не турка надолу, и да го реализираме сонот за просперитетна држава. Ако на основачите на ВМРО им било важно формирање на македонска држава. На нас нивните следбеници важно ни е Македонија да биде просперитетна држава, каде ќе владее правото и секоја индивидуа ќе има еднаква шанса за успех“, истакнува Мицкоски во честитката по повод Денот на македонската револуционерна борба

На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Related posts

Историски ден на Волстрит: Илон Маск стана првиот трилионер во светот

admin

Мамографските прегледи за источниот регион времено се префрлаат во Кочани по дефектот во Штип

admin

Македонската влада воведува специјални регистарски таблици за службени возила со цел спречување на злоупотреби

admin

На повидок битка за партискиот печат на АА

admin

Октомвриските локални избори ќе ја решат иднината на Македонија: Клучни битки и потенцијални инциденти на гласачките места

admin

6,78 милијарди евра: Што всушност крие новиот Буџет?

admin