2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

РУСИЈА ГИ ОБВИНУВА САД ЗА „ИНДИРЕКТНА ВОЈНА“

Кремљ реагира остро на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон и ги обвинува САД за водење „индиректна војна“.

По посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, Русија ги критикува остро и Украина и САД. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, смета дека посетата на Зеленски на Вашингтон ја покажува неподготвеноста за преговори со Русија. „Со жалење мора да констатираме дека досега ниту претседателот Бајден ниту претседателот Зеленски не рекоа нешто што би можело да се нарече потенцијална подготвеност за да се слушне Русија“, нагласи Песков.

Според него, во текот на посетата на Зеленски на САД немало „вистински мировни апели“. Тоа однесување на САД покажува „дека САД ја продолжуваат својата линија на де факто индиректна војна со Русија до последниот Украинец“, изјави Песков.

Слична изјава претходно даде и рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, кој ги обвини САД за водење „заменска војна“ против Русија. Тврдењето на американската влада дека не сакаат конфронтација со Русија не е ништо друго освен „празни зборови“, зашто ниту Украина ниту САД не покажале подготвеност за преговори и наместо тоа шират „лаги“ дека Русија не е заинтересирана за мирно решение на конфликтот, тврди Антонов.

Посетата на украинскиот претседател Зеленски на Вашингтон беше негово прво патување во странство откако е почната руската инвазија.

Related posts

Ден на албанската азбука: Повици за надминување на разликите

admin

Алиу: Нема повеќе мито за операции, воведен систем за транспарентни листи на чекање

admin

ВЛЕН: Апасиев го потврди коалицискиот сојуз со ДУИ и Арсовска, на штета на жителите на Чаир и Сарај

admin

Трамп рече дека би сакал обединета Ирска – порака за Даблин или за гласачите во Америка?

admin

Со 6 гласа на 10-тиот обид Костадиновски избран за претседател на Уставен суд

admin

Ганиу удри по Арсовска: Ѓубрето назад кај тие што го заборавија Чаир!

admin