16.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

БОРЕЛ – РУСИЈА ЈА ЗАГРОЗИ НУКЛЕАРНАТА БЕЗБЕДНОСТ

Русија „сериозно ја загрози нуклеарната безбедност“ предизвикувајќи испаѓање на украинската нуклеарна централа Запорожје од украинската електромрежа по денешниот напад, предупреди шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

„Поради прекинот на електричното напојување, што беше воспоставено околу пладне, денеска мораше да се вклучат помошните дизел генератори за ладење на централата, „што значително го зголеми ризикот од нуклеарен инцидент во последните неколку часа“, рече Борел на маргините на европскиот состанок на шефовите на дипломатиите во Стокхолм.

„Тоа е сериозна закана за нуклеарната безбедност за која е одговорна Русија“, предупреди високиот претставник на Европската унија.

„Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа. А Русија ја загрозува безбедноста на целиот европски континент, вклучително и Русија“, додаде тој.

Напојувањето во украинската нуклеарна централа Запорожје повторно беше воспоставено околу пладне. Централата беше заземена од московските сили и утринава беше затворена по рускиот напад, соопшти украинскиот оператор на електричната мрежа.

За превенирање и санирање на штетите од нападот денеска беа вклучени 20 помошни генератори, со залихи за итни случаи, што ќе овозможат работа од околу петнаесет дена.

Без електричната енергија произведена од овие генератори, прегревањето на горивото во реакторите може брзо да предизвика нуклеарен инцидент, како оној во Фукушима, Јапонија во 2011 година.

Во денешните руски ракетни напади во Украина, најголеми во изминатите недели, загинаа најмалку шест луѓе.

Related posts

Македонските истраги под будно око на Лаура Ковеши

ninja

А1он: Двајца пратеници на СДСМ нема да ги гласаат уставните измени

admin

Ковачевски: Или со ЕУ, НАТО и САД, или со ЛЕВИЦА

admin

ЗА ШТО СЛУЖАТ ЗАКОНИТЕ?

ninja

Едни „работеле“, други замижувале

admin

Ништо од декемврискиот самит на ЕУ: Пендаровски песимист

admin