17.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ЕКОНОМИЈА

ММФ прогнозира раст на македонската економија од 1,4 отсто

Според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), македонската економија годинава ќе забележи раст само од 1,4 отсто, а во наредната од 3,6 проценти. По двоцифрените стапки во 2022, годинава инфлацијата во земјата ќе забави и ќе изнесува 9,2 отсто. Прогнозите на ММФ не се оптимистички ниту за светската економија, откако во вторникот (11.04) беа објавени најслабите среднорочни очекувања за глобален раст по повеќе од 30 години.

Во објавената Светска економска перспектива, ММФ ја намали прогнозата за глобалниот раст годинава, бидејќи зголемувањето на каматните стапки ја намали економската активност и предупреди дека натамошните превирања во финансискиот систем би можеле да го намалат производството на речиси рецесиско ниво.

Какви се состојбите во регионот?

Од земјите во регионот, највисок економски раст годинава се прогнозира во Косово- 3,5 и Црна Гора- 3,2 отсто. БДП на Грција ќе се зголеми за 2,6 проценти, на Албанија за 2,2, на Србија и на Босна и Херцеговина за 2,0, на Хрватска за 1,7 и на Бугарија за 1,4 отсто.

На глобално ниво ММФ годинава не очекува рецесија, туку раст од 2,8 отсто во однос на 2022. Не се очекува рецесија ниту во САД, за каде е прогнозиран раст од 1,6 отсто.

Пад на германската економија

ММФ ги намали прогнозите за некои големи економии, вклучително и Германија, која сега се прогнозира да се намали за 0,1 отсто во 2023 година и Јапонија, за која сега се прогнозира раст од 1,3 отсто оваа година, наместо 1,8 отсто, колку што се очекуваше во јануари.

Попозитивни се проекциите на ММФ за азиските економии. БДП на Кина годинава ќе се зголеми за 5,2 отсто, Индија ќе забележи раст од 5,9 отсто, а над пет проценти раст ќе имаат и Виетнам, Индонезија и Филипини.

Рецесија не се предвидува ниту во Јапонија (раст од 1,3 отсто), како ни во Русија, за која ММФ лани прогнозираше пад на економската активност од 2,1 отсто, а сега најавува раст од 0,7 отсто за 2023 година.

ММФ прогнозира дека глобалната инфлација ќе се намали, иако побавно од првично предвиденото, од 8,7 отсто минатата година на 7 проценти оваа година и на 4,9 во 2024 година./DW

Related posts

ЕУ со нови 2.1 милијарди за развој на Западен Балкан

admin

Турската лира достигна рекордно ниско ниво

admin

Расте извозот, овие се најголемите трговски партнери на С.Македонија

admin

Цената на електричната енергија порасна за 3.9%

admin

Буџет за 2024 – реален или предизборно напумпан?

admin

Статистика: Пораст на трошоците за живот

admin

Leave a Comment