11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Путин ненајавено во посета на Херсон

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанокот на воената команда во украинскиот јужен регион Херсон, кој делумно е под руска контрола, соопшти денеска Кремљ.

Во соопштението не е наведено кога Путин присуствувал на состанокот на воената команда.

Путин ги сослушал извештаите на командантите на воздушно-десантните сили и групата армии Дњепар, како и други високи офицери кои го известиле за ситуацијата во регионите Херсон и Запорожје, кои Москва ги прогласи за делови од Русија, пренесе Ројтерс.

Руските сили се повлекоа од регионалниот главен град Херсон во ноември минатата година и ги засилија своите позиции на спротивниот брег на реката Дњепар во очекување на украинска противофанзива.

Во меѓувреме, украинската војска објави дека руските сили користеле авиони за нови напади врз украинските позиции во источниот регион Доњецк. Во неселективно гранатирање во соседниот регион Луганск се убиени неколку цивили и е нанесена голема штета врз инфраструктурата, наведоа претставници од тој регион.

Руските сили користеле оперативно-тактичка и нападна авијација во обидите да напредуваат во градовите Лиман, Бахмут, Авдиивка и Мариинка, се наведува во дневниот извештај на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

На 19 март, Путин го посети разурнатиот град Мариупол во рамки на ненадејната обиколка на окупираните делови на Украина. (РСЕ)

Related posts

Вучиќ со јасна порака до Зеленски: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, нема „но“

admin

Инфлацијата падна на 2,3%, но дали граѓаните го чувствуваат тоа во паричникот?

admin

Фондација „Македонија“ ја откажа блокадата на границата со Северна Македонија

admin

За 6 месеци добила тендери од 9 милиони евра: СДСМ открива кој стои зад фирмата

admin

Кој го има клучот за разрешување на обвинителот Коцевски?

admin

Мицкоски: Ќе им се случи народ ако корумпираните судии не поднесат оставки

admin