34.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
СПОРТ

Османи поднесе оставка, Шкендија без тренер

Ќатип Османи повеќе не е тренер на Шкендија, бидејќи раководството ја прифати неговата оставка, соопштија од клубот, пренесува Инбокс7.

“Шкендија и Ќатип Османи се разделуваат.  Последниот натпревар од сезоната 2022/2023 против Работнички беше последен за тренерот Османи во црвено-црниот клуб. Тој понудил оставка, која била прифатена од клубот”, вели Шкендија во известувањето. “КФ Шкендија му се заблагодарува на Ќатип Османи за посветеноста кон клубот, посакувајќи му здравје и многу успеси во иднина.”

Повлекувањето од кормилото на Шкендија Османи го најави пи средбата со Работнички: “Мислам дека секогаш може да се направи подобро. Но, она што е поважно во овој момент е што ова беше последен натпревар за мене како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката што ја имав оваа година, почнувајќи од економистите, медицинскиот персонал, техничкиот персонал, раководството, јавноста, „Балистите“ и можеби уште поважно од компанијата „Еколог“, која со години континуирано инвестира во овој тим за да изгради европски клуб.”

Related posts

Познати сите групи за Мундијалот 2026 – еве кој против кого ќе игра

admin

Шкендија под дисциплински удар: ФФМ обвинува за национализам и навреди

admin

Пандев и Стоичков повторно на терен, за Кочани

admin

Срамен гаф се случи на Олимпијадата, Франција и ИОК се извинуваат

admin

Хаос во Париз по титулата на ПСЖ: 780 уапсени и над 200 повредени

admin

Левандовски: Местото на Меси му е во Барса, се надевам ќе играме заедно

ninja