20.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

“Работниците немаат за леб, а функционерите на колачи”: ССМ контра Бесими

ССМ, во соопштение за медиуми, најостро се спротиставува на изјавата на Министерот за финансии, Фатмир Бесими дека вработените треба да почекаат за зголемување на нивните ниски плати до 2024 година.

“Неразумна е изјавата на министерот дека ако сега се зголемат платите на работниците сега ќе има импликации на инфлацијата. Оценката на министерот дека дијалогот во Економско социјалниот совет за зголемување на платите ќе потрае и дека побрзо ќе се утврди методологијата за плати во јавен сектор ( онаа против која се сите синдикати) со која ќе се стави ред во платите во јавниот сектор, ќе остане само негова пуста желба.”, вели ССМ.

Синдикатот прашува: “До кога Владата ќе глуми социјален дијалог, до кога владините претставници ќе зборуваат едно на ЕСС, а друго по медиумите и дали некогаш ќе се засрамат за тоа што си ги зголемија платите за 78% во најголемата инфлација, а со ништо не заслужија такво зголемување.”.

“Дали имаат барем трошка совест кога говорат дека ако се зголемат платите на работниците ќе се покачи инфлацијата додека над 1100 функционери си ги полнат џебовите.”

“До кога со ваквите политики на Владата, работниците ќе немаат ниту за леб туку за трошки, а функционерите за торта и колачи и до кога работниците ќе ги толерираат ваквите функционери!”

Според ССМ, нема друга држава во Европа и во светот каде што функционерите си ги зголемиле нивните плати за 78%, а единствено зголемување за работниците е само работното време и тоа за 78%.

“Работниците масовно да се придружат на активностите на синдикатите во наредниот период, зошто само заедно можеме да се избориме за нашите работнички права!”

Related posts

Мицкоски ја формираше коалицијата „Твоја Македонија“

admin

Спасовски: Процесот е прашање на институции, не на поединец

admin

КАКО ДА СЕ РАЗБИЕ МРЕЖАТА ШТО ОВОЗМОЖУВА ДА ЦВЕТА КОРУПЦИЈА

ninja

2024 – Тешка економска година

admin

САД подготвува специјален суд за руските злосторства во Украина

admin

Украина се согласи да разговара со Русија на белоруската граница, соопшти кабинетот на Зеленски

ninja