25.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕУ разговара за Западен Балкан

На состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел на 22 мај, министрите на земјите членки ќе разговараат за ситуацијата во регионот на Западен Балкан. На овој состанок ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи од шесте земји од Западен Балкан,  јавува РСЕ.

Според најавите од Европската унија, главни теми кои ќе бидат на дневен ред се процесот на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, ситуацијата во Босна и Херцеговина, регионалната соработка и влијанието на Русија во регионот на Западен Балкан.

Се очекува Европската унија уште еднаш да ја повтори својата заложба за продолжување на помошта за регионот, но и да побара од овие земји да ги исполнат своите обврски за спроведување на реформите и да се прилагодат на надворешната политика на Европската унија.

Министерот за надворешни работи на Шведска, Тобијас Билстром, чија земја претседава со ЕУ, во пресрет на средбата изјави дека „земјите од Западен Балкан имаат свое место во ЕУ, но ние ќе продолжиме да чекаме за нивна адаптација кон надворешната политика на Европската Унија“.

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман изјави дека Хрватска го поддржува проширувањето на ЕУ со земјите од регионот на Западен Балкан, но бара и тие земји да ги почитуваат европските вредности и да соработуваат во повеќе области, вклучително и прашањето за незаконската имиграција.

Related posts

Саманта Пауер: Руската инвазија на Украина влијае на светската безбедност на храната

ninja

ВУЧИЌ: ПОКЕР ОКОЛУ ОДЕЊЕТО ВО ТИРАНА

ninja

ЕКСТРА ДАНОКОТ ЗА ЕДНИ СПАС ОД КРИЗАТА, ЗА ДРУГИ ГЛАВОБОЛКА

ninja

Стигна одговор од партијата на Ахмети: Подготвени да подржиме влада без ДУИ

admin

Антикорупциска: Фондот за иновации да одговара за грантовите на Дрин Ахмети

admin

Како за почеток-Километар по километар до 1,3 милијарди евра за автопатите од Коридорите 8 и 10д

admin