21.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ЕКОНОМИЈА

Даути-Комерц е нов Овластен економски оператор

Компанијата Даути Комерц АД Скопје се стекна со статус на Овластен eкономски oператор (ОЕО) за царински поедноставувања, безбедност и сигурност во работењето, соопшти Царинската управа на државата, пренесува Инбокс7.

Директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, заедно со заменик директорот Муарем Асани и висок раководен тим од Царинската управа била во работна посета на компанијата Даути Комерц, на која беше доделено Одобрението за Овластен економски оператор.

“Ова е уште едно признание за досегашното успешно работење на Даути Комерц, доказ дека компанијата е препознаена како сигурен и безбеден партнер на Царината и има воспоставено контрола над процесите на своето работење”, се вели во соопштението.

На средбата директорката Кутиров истакна дека сè повеќе компании ја разбираат потребата и важноста да се биде ОЕО.

“Исполнувањето на условите за добивање на статус на ОЕO, на овие компании им овозможува примена на царински поедноставувања,намалени контроли, кои важат од неоддамна и во земјите од Отворен Балкан. Ова истовремено влијае на јакнење на нивната конкурентност во регионот и ЕУ.”, се вели во соопштението.

Даути Комерц АД Скопје е 27-та по ред македонска компанија која добива статус на Овластен економски оператор.

 

Related posts

Пропустите во дигитализацијата на матичните книги фрлија сенка врз заштитата на податоците на граѓаните

admin

Рустеми: Со „Бектел и Енка“ промовираме нов, ефикасен и модерен концепт на проектирање и градба

admin

Главоболки за Путин: Индија не купува повеќе руска нафта

admin

Бектеши смирува: Струјата нема да поскапи

admin

Колку провизии ви земаат бснките? Сега може да проверите онлајн

admin

Бесими: Платите на вработените во јавниот сектор ќе растат системски

admin