17.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Почина Дарко Димовски, првиот човек на ССМ

По кусо боледување, почина Дарко Димовски, првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, објавија денеска од ССМ.

“Со жалење информираме дека по кратко боледување на 45-годишна возраст, почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочувство на неговото семејство”, соопштија од ССМ.

Димовски беше претседател на ССМ од 2017 година, а на таа позиција дојде од претседателското место во Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ).

Related posts

ЗНМ се солидаризира со Николовски и повикува на дијалог со МПЦ ОА

admin

Некој нема да лета – директорите или авионите

admin

Украина вели дека Русија ги гранатира ветените хуманитарни коридори

ninja

Софија одговори на вербалната нота од македонското МНР

ninja

Година во која на функционерите им беше добро – Си ги зголемија платите и се спасија од затвор

admin

Што се касетните бомби што САД планираат да испратат во Украина? (ВИДЕО)

admin