12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали ќе има договор за датумот за избори?

Наместо лидерска средба, Премиерот Димитар Ковачевски ја повикува опозициската ВМРО- ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група во Министерството за правда, каде меѓу другото ќе се разговара и за датумот за одржување на изборите идната година. Се друго би било вонинституционално договарање, вели Ковачевски кој и порача на опозицијата дека датуми за избори не се договараат на аеродроми, како што тоа било случај порано,  јавува ДВ, пренесува Инбокс7. 

Собранискиот спикер, Талат Џафери им даде рок на партиите да се договорат околу датумот за претседателските избори до Нова Година, за да се испочитуваат законските рокови. За датумот на парламентарните извори, партиите ќе имаат дополнителен простор за усогласување на позициите.

Повикот на Ковачевски со опозицијата следи откако тој имал средби во Собранието во со претседателите на четири политички партии, кои се дел од владината коалиција, меѓу кои и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на коишто разговарале за датумот за изборите во 2024 година.

„Во Министерството за правда веќе постои работна група, каде сите политички партии имаат делегирано свои претставници, согласно законот. Единствено ВМРО-ДПМНЕ нема делигирано свој претставник. Ги поттикнувам да делегираат свој претставник, бидејќи не може една или две партии да одлучуваат во процес во којшто учествуваа 30 и повеќе политички партии“, изјави Ковачевски при посетата на Дојран.

Се друго, според него, сите средби надвор од тој формат се вонинституционални. „Такви работи гледавме во минатото кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата од аеродром кажувал датум, па потоа се воделе исцрпувачки преговори, а со таквите политики државата не одеше напред, туку навлезе во длабока политичка криза која потоа со изборите во 2017 година ја надминавме. Оттогаш демократските процеси и изборите се одвиваат според законот“, рече премиерот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери предочи дека 8 мај е критичен датум за претседателските избори, бидеќи новиот претседател треба да биде инаугуриран најдоцна до 12 мај.

Од друга страна, опозицијата на етничките Албанци се сомнева дека изборниот процес ќе биде демократски.

Беса и Алтернатива поднеле барање за оглас за член на Државната изборна комисија.

Претседателите на Алтернативата, Беса и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити на прес-конференција обвинија дека министерот за надворешни работи Бујар Османи како претседавач на ОБСЕ ја злоупотребил функцијата да влијае врз набљудувањето на изборите следната година.

„Знаеме на што се способни за да го сочуваат богатството, затоа здружената албанска опизиција има легитимитет да бара соодветна застапеност во ДИК. Сметаме дека е целосно ирационално да се прави двоен трошок, но сакаме да ги чуеме аргументите на СДСМ и ДУИ со кои ќе го бранат ставот да има одвоени избори“, изјави Касами.

Related posts

Опозицијата се здружува против ДУИ, аналитичарите со различни очекувања

admin

Трнлив пат на Скопје да стане европска престолнина на културата

admin

КУРТИ: ЗГОЛЕМЕНИ СЕ ЗАКАНИТЕ НА СРБИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА КОСОВО

ninja

Дојче веле: М-НАВ – “семејно гнездо” на властодршци

admin

И ЗАД БОМБИТЕ ВО КАВАДАРЦИ СЕ КРИЕ МАЛОЛЕТНИК

ninja

Аферата „Тајни имоти“ засега без имиња на високи позиции

ninja