25.8 C
Скопје
21 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАУКА

Ќе наплаќа ли Фејсбук за негово користење?

Деновиве може да се сретне зачестено споделување на еден ист текст на профилите на корисниците на Фесјбук, кој почнува со реченицата: „И јас се деактивирам“. Ова следи откако масовно беа споделувани објави дека најпопларната социјална мрежа во државата, Фејсбук,  дека воведува месечна тарифа од 4,99 долари за секој профил.

„Не му давам дозвола на Фејсбук да наплаќа 4.99 долари месечно на мојата сметка, исто така сите мои слики се мој имот а не Фејсбук!“, стои понатаму во подолгата објава.

Меѓутоа, тоа што ова ќе го објавите не менува ништо доколку социјалната мрежа реши да ви наплаќа.

Прво, дали навистина се воведува претплата од страна на Фејсбук?

Месечна претплата

Со недели се споделуваат пораките дека социјалната мрежа воведува месечна претплата. Како превентива, некои корисници најавуваат деактивирање, други преку споделување на споменатиот текст, сметаат дека доволно се одбраниле за да го избегнат плаќањето. Меѓутоа, се работи за една неточна информација и за друга која ги води во заблуда корисниците, бидејќи „одбранбениот текст“ со кој се одбива претплатата, едноставно не функционира. Ако Фејсбук воведе претплата, ваков текст нема да помогне.

Што се однесува до најавата за воведување на месечна претплата, Центарот за поддршка на Фејсбук соопшти дека не им се наплаќа на корисниците за да ја користат мрежата, туку е воведена наплата на оние кои огласуваат. Со наплатата ќе им се прикажуваат реклами на Фејсбук и на другите социјални мрежи, сопственост на компанијата Мета.

Оваа дезинформација има историја со најавата од Мета дека од први ноември ќе воведе наплата за корисниците кои не сакаат да им се прикажуваат реклами додека го користат Фејсбук. Со тоа што претплатата не е задолжителна, додека тие што ќе одлучат да платат месечна претплата, ќе можат да ја користат мрежата како и до сега.

Од „Мета“ објаснија дека сè додека некој корисник е претплатен, неговите податоци нема да се користат за реклами. Компанијата напиша дека „верува во интернет поддржан од реклами“ и појасни дека претплатата се воведува исклучиво со цел придржување кон европските закони.

Не е прв пат оваа најава

Меѓутоа, на воведувањето на оваа праска се спротивстави Европскиот одбор за заштита на податоците (EDPB), кој забрани да се користат личните податоци на корисниците за насочено рекламирање на Фејсбук и Инстаграм.

„Се воведува забрана за обработка на лични податоци за насочено рекламирање врз правна основа на договор и легитимен интерес низ Европската економска област“, ​​објави Европскиот одбор за заштита на податоци.

Не е прв пат да се дезинформира дека Фејсбук ќе наплаќа за неговото користење. Вакви тврдења кружат уште од 2009 година, односно три години по лансирањето на мрежата. Фејсбук, како и некои други популарни социјални мрежи има воведено услуги со претплата, како што е верификација, на Facebook Verified.  За оваа услуга се наплаќа по 11,99 долари месечно.

Од друга страна, дезинформација е дека со споделување на текстот ставате забрана на користење на вашите објави и фотографии. Тоа едноставно нема никаква правна вредност.

Условите за користење на содржината, вклучително и на фотографиите и видеата ги определува мрежата, а корисникот со кликнување „прифаќам“, се согласува на нив.

Сепак,  во делот на прилагодување, корисниците сами одлучуваат кое ниво на приватност ќе ја користат при споделување на содржините. Има неколку нивоа на приватност. Се избира меѓу тоа содржините може да ги гледа само корисникот, неговите блиски пријатели, пријателите од листата на пријатели или сите корисници.

Според тоа, се работи за дезинформација и доведување во заблуда на корисниците наведувањето дека со објава на текстот за одрекување, корисникот се заштитува.

Фото: Freepik

В.К.

Related posts

Вучиќ за СНН: Не ни треба нова војна

admin

Да се укинат патните трошоци за пратениците – Ветување коешто „најлесно“ се заборава

admin

Ниту стратегиите, ниту политиките не помагаат: Најмногу пари и понатаму одат во најразвиените региони

admin

Стари имиња за нови победи

admin

Хамас вели дека е подготвен на долга војна со Израел

admin

Германски печат: Вучиќ сонува за „великосрпско царство“

admin