7.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Апелациониот суд Гостивар со финансиски и административни недостатоци, покажува државната ревизија

Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија изрази мислење со резерва за финансиските извештаи на Апелациониот суд Гостивар за 2023 година, посочувајќи низа недостатоци во финансиското управување и внатрешната контрола, покажува конечниот ревизорски извештај.

Ревизијата утврди отсуство на документи што потврдуваат правото на користење на деловните простории на судот, што не е во согласност со законската регулатива. Дополнително, не бил спроведен попис на постојаните средства во согласност со одредбите на Правилникот за сметководство на буџетските корисници.

Друг значаен наод е непостоењето на внатрешна ревизија во судот во последните пет години. Апелациониот суд Гостивар не презел активности за ангажирање на внатрешен ревизор, што ја ограничува можноста за подобрување на финансиското управување и контрола на трошењето.

Во делот на кадровската состојба, извештајот посочува дека судот работи со намален број судии – 12 наместо предвидените 16. Исто така, 8 работни места за судската полиција остануваат непополнети, што го доведува во прашање безбедносното обезбедување на судските објекти.

Финансирањето на судската власт е исто така под законски утврдениот минимум. Во 2023 година, издвоените средства изнесувале само 0,3% од БДП, што е далеку под законски предвидените 0,8%. Ова го загрозува финансиското функционирање на судовите и создава ризик за стабилноста на правосудниот систем, предупредуваат ревизорите.

Во завршниот дел на извештајот, Државниот завод за ревизија упатува препораки за подобрување на управувањето со судските финансии, вклучувајќи целосно почитување на прописите за сметководство, кадровско екипирање и организирање на внатрешна ревизија.

Related posts

Германија: Предизборна мобилизација во полн ек

admin

Пет години по Преспа: Што се постигна?

admin

Дали Русија го прислушувала германскиот Бундесвер?

admin

Штрајкот на контролорите на летање во мирување до конечни оставки на директорите

admin

Протест во Тетово: одговорност и правда мора да има

admin

Костадиновски најавува дека Уставниот суд ќе го реши предметот за законот за јазици во 2026 година

admin