7.8 C
Скопје
5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Дали Русија го прислушувала германскиот Бундесвер?

Како Русија успеала да дојде до снимка од интерен разговор меѓу офицери на Бундесверот? Германското Министерство за одбрана ја истражува автентичноста на снимката. Канцеларот Шолц говори за „многу сериозен случај“

 

Во петокот попладне руските пропагандни канали објавија аудио снимка од разговорот за кој се вели дека е од 19 февруари, годинава. Има многу индиции дека снимката е автентична, пишуваат медиумите во Германија – иако  сѐ уште официјално не го потврдил тоа.

„Сојузната канцеларија за воено контраразузнавање (БАМАД) ги започна сите неопходни мерки“, изјави портпаролката на германското Министерство за одбрана за новинската агенција ДПА.

И германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево (2 март, 2024) реагираше на извештаите за наводното прислушување:

„Она што е објавено таму е многу сериозна работа. И затоа сега сето се истражува многу внимателно, многу интензивно и многу брзо – и тоа е исто така неопходно’, рече Шолц.

пред 18 ч.

Како Русија успеала да дојде до снимка од интерен разговор меѓу офицери на Бундесверот? Германското Министерство за одбрана ја истражува автентичноста на снимката. Канцеларот Шолц говори за „многу сериозен случај“

Во петокот попладне руските пропагандни канали објавија аудио снимка од разговорот за кој се вели дека е од 19 февруари, годинава. Има многу индиции дека снимката е автентична, пишуваат медиумите во Германија – иако Бундесверот сѐ уште официјално не го потврдил тоа.

„Сојузната канцеларија за воено контраразузнавање (БАМАД) ги започна сите неопходни мерки“, изјави портпаролката на германското Министерство за одбрана за новинската агенција ДПА.

И германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево (2 март, 2024) реагираше на извештаите за наводното прислушување:

„Она што е објавено таму е многу сериозна работа. И затоа сега сето се истражува многу внимателно, многу интензивно и многу брзо – и тоа е исто така неопходно’, рече Шолц.

Експлозивен случај

Во петокот, Маргарита Симонјан, шефица на рускиот државен канал РТ, објави аудио снимка од приближно 30-минутен разговор, кој најверојатно бил пресретнат. На снимката се слушаат четворица офицери на Бундесверот како разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета Таурус. Симонјан не кажа како ја добила снимката.

Случајот е многу експлозивен: руските медиуми ја емитуваат оваа снимка, на која може да се слушне дискусија за прашањето – дали германските крстосувачки ракети технички се способни да го уништат мостот кој Русија го изгради кон полуостровот Крим.

Експерти веруваат дека снимката е автентична

На почетокот на неделата, канцеларот Олаф Шолц даде детални причини за неговото одбивање да испорача германски крстосувачки ракети „Таурус“: Нивната потреба во Украина ќе бара учество на германски војници при програмирање на целите, рече тој. Шолц стравува дека Германија на тој начин може индиректно да биде вовлечена во војната во Украина.

„Бидејќи никој навистина не знае зошто канцеларот го блокира ова, природно се појавуваат најбизарни гласини“, го цитира германскиот јавен сервис ЗДФ генералниот инспектор на воздухопловните сили Инго Герхарц, кој очигледно може да се слушне на снимката. Во таа прилика тој ја изрази својата фрустрација поради тоа што мора го исправи она што го смета за погрешни информации за германските крстосувачки ракети.

Инсајдери во Бундесверот изјавија за ЗДФ дека веруваат дека снимката е автентична, но не можат да ја потврдат. Сето ова предизвика загриженост кај германските политичари.

Русија бара одговори од германската влада

Реагирајќи на извештаите и содржината на снимката, Министерството за надворешни работи на Русија побара објаснување од германската влада.

„Обидите да се избегнат одговорите ќе се сметаат за признавање на вината“, напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на својот канал на Телеграм. / DW

Related posts

По 2.300 години откриен гробот на мистериозната „љубовница“ на Александар Македонски

admin

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА „ТАРГЕТ -ТВРДИНА“

ninja

Села жестоко удри по албанските опозициски партии

admin

ДКСК со иницијатива да се укине “балснсерот”

admin

Ако сакаа функционерите уште во март можеа да си ги намалат високите плати

admin

ДУИ со нова понуда до ВМРО-ДПМНЕ: Гласајте ги уставните измени и одберете датум за избори

admin