14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ибраими: ВЛЕН нема да соработува со алатки на криминалната олигархија

Лидерот на партијата Алтернатива, Зеќирија Ибраими, која е дел од коалицијата ВЛЕН, изјави дека коалицијата нема да прифати партнери во владата кои, според него, се поврзани со „олигархијата на криминалот и корупцијата“, дури и ако тие се претставуваат како независни субјекти.

„Политиката на двојни столчиња и нејасни позиции – каде не се знае кој е партнер, кој е сојузник, а кој противник – заврши. ВЛЕН нема да дозволи ДУИ да биде дел од новата влада, ни директно, ни преку свои алатки или поврзани фигури,“ напиша Ибраими на Фејсбук, во статус што подоцна го сподели и лидерот на Беса, Билал Касами.

Тој истакна дека секој што се обидува да го спасува политичкиот проект “Соравија“, како што го нарече, преку патриотски слогани и самовиктимизација, всушност се обидува да го прикрие своето учество во коруптивни шеми.

„Таквите, иако се обидуваат да се прикажат како ангели, ќе потонат пред да успеат да спасат нешто. Особено кога веќе се наоѓаат на американската црна листа,“ додаде Ибраими.

„Ние сме определени за принципиелна политика што се бори против корупцијата, спроведува реформи во правосудството и им овозможува достоинствен живот на граѓаните,“ рече тој.

Коментарот на Ибраими доаѓа во пресрет на состанокот на премиерот Христијан Мицкоски со лидерите на коалицијата ВЛЕН, закажан за вечерва, каде се очекува да се финализира договорот за идната владина структура.

 

 

 

Related posts

НАТО министерски состанок – поддршка за Украина, Западен Балкан е од стратешко значење за Алијансата

admin

Лажни лекари измамиле двајца битолчани за 19.600 евра

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е одговорен, трагедијата во Тетово последица на тендерски профит

admin

СДСМ бара кривична постапка за началникот на полицијата во Демир Хисар

admin

Се наѕира ли нова енергетска криза во Европа поради конфликтот на Блискиот исток?

admin

Германија троши милијарди сега – ЕУ ѝ дава зелено светло, но сметката доаѓа до 2029!

admin