36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Скандал или успех? – ЗНАМ го брани министерот Филков од нападите на СДСМ

Движењето ЗНАМ во петокот ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека магистерскиот труд на министерот за правда Игор Филков претставува судир на интереси, нарекувајќи ги критиките „лажни морални лекции“ од политички дискредитирана партија.

„Магистерскиот труд на министерот Филков не претставува судир на интереси, туку доказ за посветеност, професионализам и волја да се надградува знаењето во сферата во која дава најголем придонес“, се наведува во реакцијата на ЗНАМ.

Од партијата порачаа дека СДСМ, наместо да одговара за, како што рекоа, „години на корупција и злоупотреба“, денес „измислува скандали таму каде што ги нема“.

Филков, според ЗНАМ, е пример за тоа каков треба да биде јавен функционер – „образован, професионален и подготвен да ја користи науката за доброто на државата“.

Реакцијата доаѓа по изјавите на СДСМ, кои во четвртокот оценија дека темата на магистерскиот труд на министерот – „Креирање на стратегии во сферата на правосудството како надлежност на министерот за правда“ – е директен судир на интереси и злоупотреба на службена положба.

Related posts

Над 10 милиони евра за превенција од болести, а се повеќе болни

admin

Даути: Стратегијата за развој мора да биде инклузивна, само така ќе имаме резултати

admin

Меркел повторно во фокусот: Портретот што ја разбуди германската носталгија

admin

ВЛЕН удри по Бујар Османи: „Кажете кој е Владимир Стајиќ!“

admin

Скопје и Атина пак „се фатија“ за името

admin

Иван Стоиљковиќ е најзадолжен министер во Владата на Мицкоски

admin