26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Општината под клуч, Шабани: Мојот мандат заврши, клучевите ги има премиерот

Вратите на Општина Врапчиште беа затворени денес, откако мандатот на досегашниот градоначалник Исен Шабани официјално заврши, изјави самиот тој за локалните медиуми.

Работниците што пристигнаа на работа утрово беа без информација за состојбата и не знаеја дали ќе можат да ги извршуваат своите редовни задачи. Некои од нив телефонски потврдија дека објектот бил затворен.

„Мојот мандат заврши и клучевите од општината ги има премиерот“, рече Шабани, додавајќи дека надлежноста за управување со општината сега е во рацете на централната влада.

Ситуацијата доаѓа во контекст на неуспешниот попис и административни промени, што остави неизвесност околу функционирањето на локалната власт и достапноста на јавните услуги за граѓаните.

 

Related posts

Почна битката за опозицискиот фронт: СДСМ ја отвори вратата за Левица, но со тежок услов

admin

Арсовска: Ганиу е “принцезата на дивоградбите” во Чаир

admin

Поразот на Орбан може да отклучи 90 милијарди евра за Украина

admin

Нови детали од трагедијата во Кранс-Монтана: Вработени без безбедносни обуки

admin

Мицкоски: Нема средства за субвенции за минимална плата од 500 евра

admin

Ахмети и Меџити во борба за секој глас

admin