35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за избори напролет

Размената на соопштенија меѓу опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја засили политичката реторика околу можноста за предвремени избори, прашање што повторно се најде во фокусот по коментарите на премиерот, Христијан Мицкоски.

СДСМ оцени дека најавите за избори од страна на Мицкоски се „симптоматични“, наведувајќи паралели со политичките процеси во Србија, каде што претседателот Александар Вучиќ исто така говореше за можни избори. Партијата тврди дека лидерот на македонската влада следи „Вучиќ модел“ на реконструкција на влада, објавување анкети и подготвување терен за избори.

Во обемно соопштение, СДСМ го поврза регионалниот политички контекст – Србија, Унгарија и Словачка – со, според нив, заеднички предизвици поврзани со корупцијата и политичките протести. Партијата се повика и на случаи во Србија, вклучително и истрагите за паднатата настрешница во Нови Сад и обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп за вмешаност на белградска ИТ-компанија во изборниот процес во САД во 2020 година.

СДСМ уште еднаш ја спои домашната политичка сцена со Србија, тврдејќи дека можните избори во Белград напролет би можеле да имаат директни импликации во Македонија. Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот премиер Никола Груевски „немаат луксуз“ да го дочекаат евентуалниот политички пад на српскиот режим, алудирајќи на нивните, како што тврдат, политички и бизнис врски.

Партијата оцени дека „времето за катарза“, термин што го употреби Мицкоски, се враќа во политичкиот речник, додавајќи дека на Европа ѝ претстои нов политички циклус.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ остро возврати, наведувајќи дека реакцијата на СДСМ е „доказ за страв од соочување со народот“. Партијата оцени дека СДСМ избегнува избори бидејќи, според нив, анкетите ја позиционираат на четвртото или петтото место.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската партија за „тотална безидејност“, тврдејќи дека дел од соопштението било составено со помош на вештачка интелигенција. Партијата упати и критики до поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, наведувајќи дека тие „реално ја водат партијата“.

Опозициската партија повтори дека е подготвена за избори и ја повика СДСМ да поднесе формално барање за распишување предвремени парламентарни избори.

Иако ниту една страна не презеде конкретни чекори кон изборен процес, зголемената размена на обвинувања укажува дека политичката сцена се подготвува за уште поинтензивни дебати околу можниот изборен тајминг во 2026 година. Опозицката ДУИ исто така подолго време бара предвремени избори за, како штп велат, да се кристализира ситуацијата кој е легитимен претставник на етничките Албанци во извршната власт. ВЛЕН е против нови избори и претендираат дека на локалните избори беше потврден нивниот легитимитет кај Албанците.

Related posts

Њујорк Тајмс: Владата на Нетанјаху претставува опасност за Евреите ширум светот

admin

Пратениците од треттата изборна единица пријавиле имот од скоро 2.5 милиони евра

admin

ЕУ бараше со години, Владата конечно реагира: Доаѓа закон за високите раководители

admin

Шок во скопска населба: диво животно чувано како домашен миленик

admin

Муцунски: Северна Македонија не ја поддржа резолуцијата за Газа во ОН поради недефинираноста на Хамас

admin

Нова правна битка за Груевски: Унгарски пасош, македонски потерници и казна од 9 години

admin