28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Владата разгледува укинување на ДДВ за основна храна, најавено и намалување на акцизите за горивата

Владата на Северна Македонија разгледува можност за укинување на ДДВ за основните прехранбени производи кои во моментов се оданочуваат со стапка од 5%, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Министерството за финансии прави анализи за потенцијалното укинување на данокот, како дел од пакет мерки за ублажување на ценовниот притисок врз домаќинствата, додаде премиерот.

Во меѓувреме, Владата најави и итно намалување на акцизите за горивата, со цел да се спречи раст на цените. Според најавите, акцизата за дизелот ќе се намали за 4 денари по литар, додека кај бензините намалувањето ќе изнесува 2 денари.

Одлуката се очекува да биде донесена на вонредна владина седница, а ефектите врз цените би можеле да се почувствуваат веќе од следната недела.

Мицкоски изјави дека инфлацијата во март се очекува да се движи меѓу 4 и 5 проценти, додавајќи дека мерките имаат за цел да спречат нов ценовен шок сличен на оној од 2022 година.

Тој истакна дека во моментов има доволно нафтени деривати во земјата и дека нема потреба од воведување ограничувања, и покрај зголемената потрошувачка.

Владата најавува дека ќе продолжи со „робусни мерки“ за стабилизација на економијата во услови на неизвесности на глобалните енергетски пазари.

Related posts

„Фемицидот не е несреќа, тоа е симптом на длабока општествена криза што со години крвари“

admin

Многу економски проблеми, Германија „сама ги предизвика“

admin

Артан Груби: Се откажуваме и од премиер Албанец заради интеграциите во ЕУ

admin

Алиу најавува ред во здравството: дигитален систем, конечен извештај и нови правила за повеќе доверба

admin

ЗА НАС Е ПОРАЗИТЕЛНО ОТИ НЕ СМЕ СИ ГИ ЗАВРШИЛЕ ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ, ВЕЛИ ​​​​​​​ДКСК ЗА ТИМОТ ЗА САНКЦИИ ОД ВАШИНГТОН

ninja

Врховизам и диктатура: Tешки зборови од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ

admin