10.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ поднесе кривична пријава за „Алфа ТВ“, МАН реагира: Политички притисок врз медиум

Опозициската партија СДСМ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против сопствениците и управителите на телевизијата „Алфа“, обвинувајќи ги за перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги, додека новинарските здруженија ја оценија постапката како притисок врз медиум.

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, соопшти дека пријавата се темели на, како што рече, сериозни сомнежи за организирана финансиска шема.

„Постојат индиции за меѓународна мрежа преку која од 2017 година биле префрлени околу 2,85 милиони евра кон Македонија, кои завршувале во Алфа ТВ преку фиктивни договори за маркетинг и реклами“, изјави Димитријевиќ.

Според СДСМ, средствата биле прикривани преку т.н. „shell“ компании без реална економска активност, со цел заобиколување на правилата за транспарентност на медиумската сопственост и финансирање.

Во пријавата се опфатени повеќе физички и правни лица, меѓу кои и мнозинскиот сопственик Питер Шац, како и компании поврзани со телевизијата.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) остро реагираше, оценувајќи дека станува збор за „експлицитен и брутален притисок“ врз медиум.

Од МАН наведуваат дека СДСМ не приложила конкретни докази, туку само сомнежи, и потсетуваат дека партијата била на власт во периодот за кој се однесуваат обвинувањата.

„Доколку имало незаконитости, тие можеле да бидат утврдени во тие седум години“, се наведува во реакцијата.

Здружението предупреди дека ваквите постапки можат да се сфатат како обид за ограничување на медиумската слобода и повика институциите да постапуваат независно.

 

 

Related posts

Заев бара 1 милион оштета од Бране Петрушевски и Жан Митрев

admin

ЕУ објави нова ранг-листа: Еве каде граѓаните живеат најдобро, а каде најтешко

admin

Софија ја затвори вратата за нов договор: Нема преговори за промена на условите за Македонија

admin

Мицкоски подготвен да седне со Радев: „Во секое време, но не било како“

admin

Руски новинар осуден поради интервју за Радио Слободна Европа

admin

Жесток судир меѓу власт и опозиција во Собранието: Мицкоски со бројки и критики, СДСМ со историски обвинувања

admin