20.3 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ против укинување на техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за политичка паника

СДСМ соопшти дека не се создадени услови за укинување на техничката влада, оценувајќи дека таа останува клучен механизам за контрола на изборниот процес, додека ВМРО-ДПМНЕ возврати дека опозицијата се плаши од изборен пораз.

Од СДСМ наведуваат дека правосудниот систем е под силно политичко влијание и дека институциите се партизирани.

„Не се создадени услови за укинување на техничката влада, единствениот механизам за некаква контрола на изборниот процес и мора да остане“, соопштија од партијата.

Тие обвинија дека обвинителството и судството се под контрола, дека Министерството за внатрешни работи се злоупотребува за политички цели, како и дека медиумскиот простор е делумно ставен во функција на, како што велат, кампањи против опозицијата.

Според СДСМ, техничката влада била воведена токму поради вакви околности и нејзиното укинување треба да се случи само со широк политички консензус и поддршка од меѓународната заедница.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли критиката, оценувајќи дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, води „очаен политички настап“ и создава „вештачка политичка драма“.

„Денес, кога институциите се стабилизираат и се враќа нормалниот демократски поредок, СДС панично се обидува да го задржи механизмот што им служеше како политички штит“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата тврди дека предложените законски измени се дел од поширока стратегија за стабилизирање на институциите и дека опозицијата покажува „политичка дезориентација“.

Претходно, Венко Филипче изјави дека државата не е подготвена за укинување на техничката влада и предупреди на притисоци врз правосудните органи, како и на обиди за промени во надлежностите на техничките министри.

Дебатата доаѓа во пресрет на законските измени со кои се предвидува укинување на техничката влада, прашање што повторно ги продлабочи политичките поделби меѓу власта и опозицијата.

Related posts

Македонија отвори истрага за транспорт на мозочни ткива во САД во 1990-тите

admin

Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница во ОН

admin

Новата германска влада сака помалку Западен Балкан

admin

Украина жестоко го нападна Моди: Поддржа лага на Путин

admin

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ БРАЗИЛСКИ ФУДБАЛЕР ПЕЛЕ

ninja

Биден: Изборите во САД догодина се битка за „душата“ на државата

admin