5.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Здравството се модернизира: 100 нови амбулантни возила за побрза интервенција

Министерството за здравство објави јавна набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема, во рамки на одлука донесена на седница на Владата, со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем за итни интервенции.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 461.250.000 денари, а во тек е законскиот рок за поднесување понуди од заинтересираните компании.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека набавката ќе придонесе за значително подобрување на одговорот на здравствениот систем при итни состојби.

„Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција, како и навремен транспорт на пациентите до соодветните здравствени установи“, изјави Алиу.

Тој додаде дека возилата ќе бидат опремени со современа медицинска опрема и ќе бидат распределени во здравствените установи низ целата држава, со цел да се обезбеди подобра покриеност, особено во руралните средини.

Според Министерството, инвестицијата е дел од поширок процес за зајакнување на системот за здравствен одговор во кризни ситуации, преку модернизација на службите за итна медицинска помош и зголемување на оперативната способност за брз и координиран одговор.

Оваа мерка доаѓа во услови на зголемен притисок врз здравствениот систем, при што властите најавуваат континуирани инвестиции во инфраструктурата и опремата со цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

 

Related posts

Варшава бара одговори, Будимпешта признава: Траги водат кон Србија

admin

Зошто заминуваат странските инвеститори од Македонија?

admin

Шест дена жалост, 20 милиони луѓе и порака до Западот: Како Иран го организира погребот на Хамнеи

admin

Десетици делегати му свртеа грб на Нетанјаху во ОН – тој ги нарече „морални кукавици“

admin

Милијарди ветени, малку реализирани: Зошто обновата на Газа е заглавена?

admin

Македонските фудбалери настапија во црни дресови против Лихтенштајн

admin