27.8 C
Скопје
2 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

УЈИЕ и ХЕРА потпишаа меморандум за соработка

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, потпишаа меморандум за соработка, воспоставувајќи стратешко партнерство насочено кон развој на практичната настава, професионално унапредување и реализација на заеднички активности во повеќе области од општествено значење.

Меморандумот го потпишаа ректорот на УЈИЕ, Садудин Ибраими, и претседателката на ХЕРА, Румена Којчевска-Ѓердовска, со што ја потврдија заложбата на двете институции за поврзување на академското знаење со практичната работа.

Соработката има за цел да ги зајакне академските и истражувачките капацитети во области како психологија, јавна администрација, јавни политики и политички науки, со акцент на прашања како родово базирано насилство, социјална инклузија и заштита на човековите права.

Во рамки на меморандумот, на студентите на УЈИЕ ќе им се овозможи практична настава и студиски посети во советувалиштата на ХЕРА, додека академскиот кадар ќе учествува во заеднички професионални, истражувачки и едукативни активности.

Двете страни, исто така, ќе соработуваат во организирање на јавни и научни настани, како и во аплицирање и спроведување на домашни и меѓународни проекти.

Related posts

Над 8 илјади слободни работни места, се бараат и државни функционери, дипломати, директори…

admin

Деспотовски со остри критики кон раководството на СДСМ

admin

Мировни преговори во Истанбул, додека војната стигнува до Русија – што ќе се случи?

admin

Кои се 10-те најдобри градови за живеење?

admin

Мицкоски го исполни ветувањето: 16.057 лица ќе добијат директна поддршка за старт-ап бизниси за млади

admin

БДП на С.Македонија ќе достигне рекордни 28,72 илјади долари во 2025 година

admin